Неделен хороскоп: Топ знаци на неделата – Бик и Близнаци

Што ни подготвија ѕвездите во периодот од 14 мај (понеделник) до 20 мај (недела) проверете во неделниот хороскоп.

Овен – До сабота би можеле да сметате на поддршката од позитивната Венера, расположена да ги заштити вашите емотивни врски. Но од сабота натаму, за жал, работите нема да бидат толку едноставни..Затоа обидете се да ги решите сите проблеми и недоразбирања со партнерот непосредно до крајот на оваа недела, дури и по цена да иницирате дискусии. Најсреќни денови од неделата ќе бидат среда и четврток во кои буквално ќе добивате се, и на работен план и на емотивно поле.

Бик -Преубави ѕвезди се распоредени над небото на Биковите! Ако до неодамна можевте да се пожалите на одредено студенило од страна на партнерот, сега може да воздивнете, бидејќи пред вас доаѓаат жешки времиња! Влезот на Венера во знакот на Ракот во сабота, ќе ви донесе многу среќа во љубовта, а осамените можат да сметаат на средба со сродна душа. Оптимизирајте ги резултатите исто така на работа, зашто ја имате поддршката од Меркур, кој неодамна се приклучи на компанијата ѕвезди кои ви испраќаат позитивни вибрации. Супер-среќни денови: понеделник и вторник.

Близнаци – Уживајте до максимум во оваа последна недела со поддршка на Венера, зашто од следната – таа ќе ви го затврти грбот. Ако сте запознале некој/а посебен/а, знајте дека тоа би можел да биде вистинскиот партнер за вас. Во текот на овој месец љубовните ситуации ќе се развијат. Неделава,  „синглите“ ќе имаат можност да реализираат интересни состаноци во среќните денови – четврток и петок, кога Месечината е во вашиот знак. Интересни вести и заслужено признание доаѓаат на работното место!

Рак – Дали сте подготвени да ја започнете сезоната на љубовта? За вас, таа ќе започне во сабота, кога убавата и огнена Венера ќе влезе во бвашиот знак. Па пред вас се недели на многу страст, пред која  дури и најтврдокорните „синглови“ би можеле да капитулираат … Оние кои веќе се во пар, можат да преземат во овој период еден важен чекор. Свадба на повидок?! Веројатно, или проширување на семејството. Среќни денови во неделата: петок и сабота.

Лав – Без поддршката од Меркур, оваа недела на работа може да се роди мала полемика, недоразбирање со шефовите или колегите, а тоа е особено можно во понеделник и вторник, кога и Месечината ќе биде неповолна. Венера продолжува да ви дава поддршка на љубовно поле, а особено среќни на емотивен план ќе бидат деновите среда и четврток, кога ќе бидете во можност да се чувствувате повеќе сакани и посакувани од било кога. Супер ден е и недела, кога Месечината ќе влезе во вашиот знак.

Девица – Во првите денови од неделата ќе имата сеуште недоразбирања,долги полемики  и континуирани расправии со партнерот: но, не грижете се, почнувајќи од сабота, се ќе биде друга песна! Од 19-ти ден, всушност, Венера ќе се врати да ви даде поддршка и да ве насмевне, па затоа  долгогодишните парови сега ќе можат да ја повратат својата спокојност, додека „синглите“ ќе ги свртат погледите на повеќе од една личност … Малку нервоза ќе почувствувате во среда и четврток. Дефинитивно подобро ќе биде во во петок и сабота.

Вага – Само што се ослободивте од опозицијата на Меркур и полека работите почнуваат да се смируваат: особено на работа, ќе забележите убаво подобрување, а некои добри вести би можеле да дојдат веќе во среда и четврток. Бидете внимателни да не бидете премногу нервозни во петок и сабота, особено на емотивен план … Венера, од 19-ти, ќе зафати неповолна положба за вашиот знак и за време на викендите може да се појават дискусии или кавги со партнерот.

Шкорпија – Почнувајќи од сабота, Венера ќе се насмее на вашиот знак и ќе започне период на големо сентиментално спокојство, но над се – период на голема страст! И за среќа, ќе има некој на ваша страна да ве поддржи, бидејќи од професионална страна може да наидете на повеќе пречки, предизвикани од опозицијата на Меркур … Внимание особено на деновите понеделник и вторник, кога Месечината ќе биде во опозиција и неповолна за вашиот знак.

Стрелец – Добра вест доаѓа за претставниците на знакот на Стрелец: почнувајќи од сабота нема веќе да ја имате Венера во опозиција! Ова значи дека вашиот период на љубовни маки ќе заврши и ќе можете да ја вратите изгубената спокојност, со партнерот, доколку сте во врска, но и со самите себе доколку сте сами.  Деновите среда и четврток ќе бидат особено тешки, кога и Месечината ќе биде во опозиција. Ако треба да направите разговори со партнерот, направете ги за време на викендот, кога ѕвезденото небо ќе биде порелаксирано.

Јарец – За жал, во сабота, планетата Венера ќе се намести во опозиција на вашиот знак и ќе ви го заврти грбот на сентиментално поле. Ќе мора да се соочите со многу деликатни денови пред вас, во кои недоразбирањата со  партнерот ќе бидат постојани и ако врската не е доволно силна, може да се скрши … За среќа, на работно поле се во јасна „претплата“: со Меркур конечно на ваша страна ќе ги разрешите ситуациите и ќе добиете бројни можности кои сте ги чекале долго време.

Водолија – Оваа недела може да се судрите со некои потешкотии на работа, поради немилоста на Меркур, што секако не ги олеснува вашите професионални релации. Особено тешки се деновите – понеделник и вторникот, кога Месечината ќе биде во неповолна положба. Меѓутоа, во среда и четврток, сепак, ќе дојде добро закрепнување за вас, а многу позитивна енергија ќе дојде од вашиот романтичен однос, фаворизиран од Венера до сабота.

Риби – Во последниот период страдате многу поради љубовта, а вие не го заслужувате тоа. Вашето доброчудно срце заслужува многу повеќе! Затоа, Венера – планетата на љубовта, гледајќи како се мачевте, одлучи да ве награди и, почнувајќи од сабота, ќе ви го даде сето свое позитивно влијание за да им донесе радост на сите скршени срца. Очекувајте љубовно спокојство, конечно, а и нови средби за „сингловите“. Најдобри денови од неделата се: петок и сабота. Денови пак, со потешкотии се: среда и четврток.

x

Check Also

Стипендии за студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

Рудникот за олово и цинк САСА во следната учебна година 2018 / ...