Неделен хороскоп: Топ знаци на неделата – Бик и Водолија

Што ни подготвија ѕвездите за периодот од понеделник (7.5.2018) до недела (13.5.2018) прочитајте во неделниот хороскоп.

Овен – Oва е последната недела во која планетата Меркур ќе остане во вашиот знак: затоа не одложувајте ништо и искористете ја ситуацијата за да напредувате на секое поле, а особено на работа. На работното место ќе бидете фаворизирани од ѕвездитево понеделник, вторник и петок, кога ќе се појават бројни нови можности. Викендот ќе биде за уживање и многу љубов: Венера и Месечината ќе бидат сојузници за да ви дадат незаборавни моменти на страст!

Бик – Работевте напорно во последниот период за да ги достигнете своите цели и конечно ќе бидете наградени! Почнувајќи од недела, планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак и во следните неколку недели ќе бидете главни „ѕвезди“ во секоја работа. Нема да има недостаток на бројни можности и возбудливи состаноци и на љубовно поле. Во меѓувреме, бидете стрпливи ако деновите – понеделник и вторник, со неповолна Месечина, ќе создадат неколку проблеми.

Близнаци – Ако сте почнале со некоја личност да комуницирате во последно време, или ако сте запознале некој кој ви станува драг, да знаете дека навистина може да биде вистинската личност! Оние пак, кои се сеуште сами, треба да ги држат очите широко отворени бидејќи Венера ќе им помогне да си најдат љубов … На работа, во понеделник и вторник, можни се интересни вести, додека во централниот дел од неделата може да се појават некои потешкотии. Среќен викенд полн со релаксација со убава поволна Месечина.

Рак – Ѕвездите ве замолуваат повторно да ги стегнете забите, само уште една недела, а потоа се ќе биде полесно!  Почнувајќи од недела, всушност, може да кажете збогум на опозициската поставеност на Марс која во последниот период ви предизвика толку многу замор, дури и од физичка гледна точка. Дури и Меркур ќе престане да биде неповолен и на работа ќе можете да ги деблокирате сите ситуации, а пред вас ве чекаат нови и извонредни. Значи, издржете само уште малку, во прашања се денови до среќата.

Лав – Вашата недела започнува со малку полошо расположение: опозицијата на Месечината во понеделник и вторник сигурно нема да ви помага! Меѓутоа, веќе во среда ситуацијата се подобрува: Меркур ќе биде поволен до недела, и ќе ви овозможи да постигнете одлични резултати на работа, додека Венера ви дава ведрина од сентиментална гледна точка и, ако сте сами, можност да се случат интересни средби!

Девица – Во овој период љубовта не ви се насмевнува: неповолната Венера ве тера да ја доведувате во прашање вашата врска и да не бидете толку убедени во вашите чувства … Деновите од среда до четврток ќе бидат особено мачни: Месечината ќе биде во опозиција и би можела да ви донесе бесни кавги. Обидете се да не ја преминете границата за да не мора да се покаете. Почнувајќи од недела, поволната поставененост на Меркур ќе отвори нов период кој ќе ви донесе навистина интересни вести.

Вага – Издржете уште малку, и – конечно измачувањето од ѕвездите ќе заврши! конечно, тортурата ќе заврши! Во текот на неделата планетата Меркур ќе го промени својот апсект и повеќе нема да биде во опозиција. Ова ќе стави крај на овој прилично тежок период кој ве блокира во последните два месеца, особено на работното место. Следува вистинска одмазда! Дури и Марс ќе се врати на насмевка и веднаш ќе се почувствувате посмирени и полни со енергија. Внимание само на Месечината во опозиција за време на викендот.

Шкорпија – Ова ќе биде една многу пријатна недела за вас и треба да го искористите тоа. Но, веќе следната недела ќе почнат потешкотиите, почнувајќи од недела, за жал, планетата Меркур ќе влезе во опозиција и ветува период полн со компликации. Затоа обидете се да ги решите отворените прашања колку што е можно побрзо, особено на работното место, без да бидете жртви на нервозата. Поволната Месечина ќе ви помага да успеете, особено во среда и четврток.

Стрелец – Веројатно, вие и вашиот партнер во овој период сте во сериозен конфликт, а тоа се должи на лошата поставеност на Венера, која е во опозиција. Затоа ќе треба да поработите малку за да го вратите спокојството. Месечината го олеснува дијалогот во понеделник, вторник и за време на викендот. Искористете го тоа! А избегнувајте да разговарате на сериозни теми, кои ве мачат, во среда и четврток. Меркур, до недела, ќе ви помага да постигнете нешто важно за кое се грижите.

Јарец – Уште една недела можете да сметате на убавата поставеност на Марс, која ви дава сила и вишок на енергија! Искористете го тоа, особено на работното место, каде поддршката од ѕвездите сеуште ја имате. Ако работите не одат токму онака како што би сакале, вложете повеќе енергија и ќе успеете. Љубовта ви се насмевнува и ви ја дава целата поддршка што ви треба, а тоа важи и за осамените. Среќни денови овојпат ви се среда и четврток.

Водолија – Вашата недела започнува „на големо“ со одлична поставеност на Месечината, искористете го до максимум овој понеделник и вторник.  Во првиот дел од неделата ќе чуете добри вести или ќе добиете добри можности кои, ако ги искористите, би можеле да влијаат на позитивни промени во работата и во приватниот живот. Поволната Венера ја зајакнува вашата врска и ги прави вашите чувства секогаш посилни и поинтензивни. Извлечете максимум од енергијата на Меркур, кој ќе остане поволен до недела.

Риби – Вашиот љубовен живот станува се повеќе и повеќе комплициран! Венера е неповолна, наместо јасност, создава конфузија. Затоа, не преземајте крупни чекори на сентиментално поле. На работното место, не треба премногу да се нервирате, издржете само уште малку, зашто преубава вест ќе дојде од следната недела, кога планетата Меркур ќе застане на ваша страна. Очекувајте малку полошо расположение во среда и четврток, поради тешката поставеност на Месечината.

 

 

x

Check Also

Нова колекција на венчаници од Carolina Herrera

Каролина Херера ја лансираше новата колекција на венчаници дизајнирани за сезоната есен/зима ...