Неделен хороскоп: Топ знаци на неделата – Лав и Рак

Оваа недела, планетата Венера ќе влезе во знакот на Лав, носејќи многу среќа во љубовта за сите огнени знаци, но исто така и за некои воздушно знаци. Меркур, од своја страна, ќе транзитира во Рак: вести и изненадувачки можности ги чекаат сите водни знаци, но и некои од земјените знаци …Кој знак сте вие? Откријте што ѕвездите резервирале за вас во периодот од 11 јуни до 17 јуни, 2018 !

Овен: Да живее Венера!
Оваа недела конечно планетата Венера ќе застане на вашата страна! Почнувајќи од среда, љубовта ќе ви се насвемне и ќе ви покаже дека не ве заборавила, па така на сентиментално поле ќе ви се врати целата сигурност и ведрина што ја барате. Внимание на професионалниот фронт: на работа може да се судрите со некои пречки, особено во четврток и петок … Не губете ја довербата во себе!

Бик – Сомнежи во љубовта

Време е за напредување! Меркур, почнувајќи од вторник, ќе ви даде навистина неочекувани можности на работното поле: прифатете ги и не плашете се од промени! Во љубовта, сепак, може да почувствувате моменти на криза, особено за време на викендот … По идиличниот период со вашиот партнер во кој уживавте последниве недели, може да се појават некои сомнежи. Внимателно, ако сте љубоморен карактер, контролирајте ги сомнежите за неверство.

Близнаци – Многу страст!

Оваа недела планетата Венера се враќа на ваша страна: летото се приближува и пламенот на страста ви се приплижува, внимавајте да се се изгорите… Вторник и среда, со Месечината во конјукција, ќе бидат навистина посебни денови и полни со емоции! Почнувајќи од вторникот, Меркур ќе го напушти вашиот знак, но може да продолжите да имате корист од неговото позитивно влијание долго време. Викендот ќе биде полн со изненадувања!

Рак – Добредојде Меркур!

Во среда планетата на љубовта Венера ќе го напушти вашиот знак, откако ќе ви подари неколку дена со голема среќа на сентиментален план. Но сепак, не грижете се, врската со партнерот е веќе стабилна и не се очекува никаква љубовна бура. Од друга страна, сега, можете да го поздравите влезот на Меркур во вашиот знак: подгответе се за неколку навистина извонредни денови на работно поле, пред вас е период полн со вести и добри можности, пред сè во четврток и во петок.

Лав – Љубовта е во воздухот!

Подготвени сте да живеете голема љубовна приказна? Небото е поволно: почнувајќи од среда, планетата Венера ќе влезе во вашиот знак, а емоциите сигурно нема да ги пропуштите! „Синглите“ ќе добијат можност за важни состаноци за време на викендот, додека оние што се веќе во врска – ќе се чувствуваат подготвени да преземат посериозни чекори … Супер среќа ве очекува во сабота и недела, кога Месечина ќе свети во вашиот знак!

Девица- Нема веќе пречки!

Оваа недела конечно планетата Меркур ќе престане да ве спречува и ќе се насмевне на вашиот знак. Ако неодамна сте чувствувале пречки на вашиот пат – и во меѓучовечките односи и на работното место – сега сè ќе стане полесно и среќата ќе биде на ваша страна, особено во четврток и петок. Неколку препреки во љубовта може да се појават во вторник и среда.

Вага – Ви се враќа спокојството!

Во последниот период Венера го направи вашиот љубовен живот комплициран, дури и старите двојки се бореа да се разберат еден со друг! Но од оваа среда, конечно, спокојноста ќе ви се врати: планетата на љубовта се враќа за да ви донесе голема насмевка и може да се збогувате со тоа чувство на осаменост што добро го познавате. На работа, сепак, можеби ќе треба да ги преиспитате вашите планови: нешто нема да се одвива како што се надевате во четврток и петок.

Шкорпија – Тензии во љубовта

За жал оваа недела планетата на љубовта Венера ќе ви го заврти грбот: почнувајќи од среда, вашиот живот во пар би можел да биде преоптоварен со серија дискусии, расправии и тишини кои навистина не можат лесно да се управуваат. Не потпаѓајте на вознемиреноста тогаш, и фокусирајте се на среќните денови во неделата – четврток и петок. На работа пак,  напротив, ќе имате одлични вести. Викендот малку е напнат.

Стрелец: воздишка на олеснување!
Оваа недела конечно може да земете воздишка: почнувајќи од вторник, Меркур веќе нема да биде во опозиција! Малку по малку ќе бидете во можност да ги надминете дури и најтешките препреки со кои сте се соочиле во последниот период и, пред сè, на работа, ќе ги видите вашите заслуги конечно признаени. Дури и планетата Венера се враќа да дејствува во ваша корист почнувајќи од среда: викенд полн со страст ќе ве чека!

Јарец – Одлични љубовни вести!

Добри вести доаѓаат за вашиот знак, кој во последниот период мака мачеше со љубовта: почнувајќи од среда, планетата Венера повеќе нема да биде во опозиција! Конечно, дијалогот со партнерот се враќа и, за „сингловите“ повторно се отвара можноста за нови состаноци … Но, на работното поле нема се да оди како подмачкано: од вторник, Меркур влегува во опозиција и создава уште неколку пречки на работното место. Никогаш не губете доверба во своите вештини!

Водолија – Венера во опозиција!

За жал вашиот знак оваа недела е принуден да го издржи влезот на планетата Венера во опозиција … во љубовта, почнувајќи од среда, ситуацијата многу веројатно ќе почне да се комплицира и некои од вас би можеле да помислат и на драстични решенија како оние на затворање на љубовната приказна која не ве задоволува веќе подолго време. За викендот, дури и со Месечината во опозиција, ќе бидете особено нервозни.

Риба: Новости на работа!
Ако во последниот период сте доживеале одредено незадоволство на професионалното поле, конечно работите ќе се променат: почнувајќи од вторник, Меркур ќе престане да биде неповолен и ќе ги олесни состаноците и интересни вести ќе пристигнат… Не двоумете се, земете сè во лет! Најсреќните денови во неделата ќе бидат четврток и петок. Денови понапнати: вторник и среда.

 

x

Check Also

Втора вечер на „Мала Италија патува“ посветена на пациентите од Онколошкото одделение од Детската клиника во Скопје

„Како што знаете Мала Италија патува настана спонтано, од голема љубов кон ...