Неделен хороскоп: Топ знаци на неделата Рак и Девица

Со Меркур во конјукција, Раковите оваа недела ќе биде вистински ѕвезди на зодијакот. Убави вести, исто така, ги очекуваат Рибите и Шкорпиите, вторите, сепак, нема да имаат голема  среќа во љубовта, слично како и родените во знакот на Водолија. Проблеми на работа може да имаат Вагите и Јрците. Во кој знак сте родени вие? Дознајте што ви подготвиле ѕвездите за неделата пред вас, од 18 до 24 јуни, 2018.

Овен-стрес на работа!

Оваа недела ќе биде подобро да се опуштите и да не се напрегате премногу со работните обврски. Неповолниот Меркур  најверојатно ќе ве направи нервозни и би можеле да реагирате импулсивно … Обрнете посебно внимание на деновите кога и Месечината ќе биде неповолна – четврток и петок. Фокусирајте се на чувствата: поволната Венера ви дава неколку среќни денови за љубов.

Бик- љубовни проблеми

Неповолната Венера нема да ви помага оваа недела: вашиот живот во пар ќе стане прилично напнат и вашето незадоволство најверојатно ќе предизвика низа на караници и недоразбирања со партнерот.  Внимание особено за време на викендот, кога Месечината во опозиција ќе ве направи понервозни од вообичаено. Од друга страна, добра вест или потврда би можела да дојде на работното место. Искористете ги среќните денови кога Месечината ве поддржува –  понеделник, вторник и среда.

Близнаци – нервозен почеток…

Оваа недела за Близнаците почнува со прилична нервоза, поради лошата поставеност на Месечината, а тоа пак ќе создаде некои неочекувани или незгодни ситуации во понеделник, вторник и среда. Но не грижете се многу, само ќе треба да почекате да поминат овие три дена, од средината на неделата ќе имате можност да ги добиете посакуваните резултати. Голема среќа, сепак, ве очекува на сентиментално поле. Осамените Близнаци ќе имаат можност за нова врска, додека оние кои веќе се во пар ќе чувствуваат љубов и разбирање.

Рак – да живее Меркур!

Во овој период имате дополнителна поддршка од ѕвездите и задоволствата ќе ги чуствувате од сите страни. Ќе зрачите со шарм и со енергија. Меркур, кој е во конјукција, ќе направи сите проблеми безболно да се решат. Искористете го тоа за да ги продолжите вашите проекти или да стартувате нов бизнис: насекаде ќе најдете отворени врати! Во секој случај, ова е многу позитивна недела на работното место, а за време на викендот и во љубовта!

Лав – да живее љубовта!

Со Венера во вашиот знак, вашето срце конечно станува исполнето! Во последниве неколку месеци, повеќето од Лавовите морале да ја надминат кризата во врските или искусиле моменти на напнатост: сега конечно сте сигурни дека ја имате вистинската личност до вас! Најдобри денови во неделата ќе бидат четврток и петок. Меѓутоа, во сабота и недела, сепак, може да почувствувате некое лошо расположение…

Девица – каква недела!

Дали сте подготвени за една недела полна со убавини и возбудувања?  Понеделник, вторник и среда, ќе имате целосна поддршка од Меркур, а и Месечината дополнително ќе ви носи среќа – искористете ги овие денови на работното место. Можеби очекувате напредување или зголемување на приходите? И тоа е можно. Но и на љубовно поле се ќе ви оди од рака, особено бурни страсти ве чекаат за викендот.

Вага – уживајте во љубовта!

Љубовта ви се насмевнува оваа недела! Ќе се чувствувате силни, а ќе имате и голема поддршка од партнерот. Осамените Ваги имаат супер можности да запознаат нови и интересни лица кои ќе им влезат во животот. Супер-среќа ви носи и Месечината, па затоа искористете ги четвртокот и петокот. На работа, може да има некое забавување на работите… држете се под контрола и никогаш не ја губете довербата!

Шкорпија – не правете драми!

На љубовен план пред вас е здодевна недела, но тоа не значи да почнете да правите драми за да ви стане поинтересно. Внимавајте, ако сте во врска можни се жестоки караници со партнерот. Подобро да не долевате масло на оганот, зашто ваквите кавги може да донесат и крај на некои врски. Во сабота и недела, Месечината ќе биде во вашиот знак и ќе ви донесе поддршка: искористете ја предноста да се опуштите со вашиот партнер, да ја смирите ситуацијата и да ја закопате „секирата“. Убава вест за работата ве очекува во првиот дел од неделата.

Стрелец – совршена рамнотежа!

Вие сте слободен дух и не сакате да се чувствувате присилени и заробени во врската … го цените животот во пар,  но само ако ви дозволува да ги задржите просторите кои се резервирани само за вас. Оваа недела Венера ви дава совршена рамнотежа: ќе добиете вистинско внимание, а ќе сечувствувате повеќе сакани од кога и да е! Во понеделник, вторник и среда, може да се појават непријатности на работното место.

Јарец- ќе биде подобро …

Со Меркур во опозиција ќе се чувствувате заглавени во вашите работни проекти. За некој како вас, секогаш стремејќи се високо, нема да биде лесно да се издржи ситуацијата на стагнирање: обидете се да се опуштите колку што е можно, наскоро сè ќе се врати на свое место, дури и на подобро! Во љубовта, ве очекува нова ведрина, за разлика од фрустрирачката мината недела. Насреќни денови кога ја имате поддршката од Месечината се: понеделник, вторник и среда.

Водолија: Чувство на осаменост

Оваа недела може да се чувствувате прилично вознемирени.  Венера во опозиција ја отежнува комуникацијата со партнерот и ќе се почувствувате многу осамени и лошо разбрани. Посебно за викендот ќе бидете во една фаза на љубовна криза. Обидете се да разговарате што е можно повеќе со партнерот, и никако не влегувајте во кавги. Среќни денови на работното место се четврток и петок, кои може да ви донесат неочекувано изненадување.

Риби -мали нервози на почетокот…

Почетокот на оваа недела ќе биде доста тежок за вашиот знак: Месечината во опозиција, во понеделник, вторник и среда ќе ве натера да се чувствувате непријатно и ќе донесе уште неколку пречки на вашиот пат. Не грижете се, сепак: ги имате Меркур и Јупитер на ваша страна, па со нив долгорочниот успех е обезбеден! Малку стрпливост на љубовен план, а потоа ве чекаат убави мигови кои почнуваат од петокот кога страста повторно ќе светне!

x

Check Also

Стотици пријавени и 30 победници на наградниот предизвик на VIVAX

Заврши еден значаен спортски празник, а со него и наградниот предизвик на ...