Неделен хороскоп: Топ знаци на неделата – Шкорпија и Лав

Што ни подготвија ѕвездите за периодот 30-ти април до 6-ти јули, прочитајте во неделниот хороскоп.

Овен – Ве очекува една недела полна со случувања! Меркур кој е во вашиот знак ќе ви донесе новости и во најнеочекувани ситуации. Ако веќе работите на некој проект, би требало да направите важни чекори напред – ќе биде невозможно некој да ви каже „не“. И љубовта е фаворизирана оваа недела, но од планетата Венера, која ќе ви донесе силни емоции, особено во деновите – вторник, среда и четврток. Малку полошо расположение може да ве обземе меѓу петок и сабота.

Бик – Вашата работна недела нема да започне по ваши очекувања и вкус. Особено понеделник, кога ќе мора да се соочите со малку непријатни ситуации кои ви ги носи опозициската поставеност на Месечината. Внимавајте да не бидете измамени. Подобро ќе биде во следните денови – особено во петок и во сабота, кога би можеле да остварите прилично среќна средба. Љубовта продолжува да ви носи спокојство и во наредниот период, како и убави емоции, не се плашете од промени.

Близнаци – Со планетата на љубовта, Венера, конечно во вашиот знак, на емотивен план работите ќе се одвиваат како никогаш претходно – Венера ќе ви донесе силни емоции. Средбите и изненадувањата ќе станат секојдневие, а би требала да пристигне и некоја преубава новост на професионално поле. Внимавајте само на опозициската поставеност на Месечината која може да ги стагнира работите во деновите – вторник, среда и четврток.

Рак – Лошата поставеност на Меркур ќе ви донесе низа недоразбирања особено на работното место. Затоа, внимавајте да ги извршувате вашите професионални обврски најпрофесионално, без да им посветите премногу внимание на оние кои не ве поддржуваат. Деновите – петок и сабота, ќе бидат особено нервозни поради поставеноста на Месечината во опозиција, па  дури во недела конечно ќе можете малку да здивнете и да се релаксирате, зашто тензиите ќе се смират. На љубовен план пак, може да сметате на поддршката од една посебна личност или од партнерот.

Лав – За Лавовите ова ќе биде една недела за помнење! Конечно на ваша страна со поддршка ќе застанат најважните планети, меѓу кои особено ќе ве наградат Венера и Меркур. Тензиите кои ги чувствувавте во последниов период, особено на емотивно поле, ќе бидат далечно минато, а меѓу вас и вашиот партнер ќе се врати слогата и спокојството. Меѓу вторник, среда и четврток би требала да пристигне една убава вест на работен план. Единствен нервозен ден може да биде недела, кога Месечината ќе биде во негативна поставеност и ќе ви донесе малку вознемирување.

Девица – Лошата поставеност на планетата на љубовта – Венера, уште еднаш ќе ја стави под знак прашање вашата емотивна релација – сомнежите и тензиите ќе бидат особено нагласени во деновите вторник, среда и четврток, кога на „лошата“ Венера ќе и се придружи и лошата поставеност на Месечината. Меѓутоа, меѓу петок и сабота може да очекувате убаво изненадување – искористете ги овие денови за разговор со вашиот партнер за сите преокупации и проблеми кои ве мачат во последно време.

Вага – Конечно на вас Вагите ќе ви се врати љубовта на голема врата, а со неа ќе донесе големи изненадувања – ако крај себе ја имате вистинската личност ќе уживате во убавите мигови, надминувајќи ги кризите од минатиот период. Но доколу не сте во пар, односно сте „сингл“ ќе треба да почекате уште некоја недела пред да ги остварите вистинските средби…Опозициската поставеност на Меркур пак, нема да ви донесе многу разбирање особено на работното место, а и комуникациите може да се влошат. Најубав ден од неделата е – недела.

Шкорпија – Работната недела не може подобро да започне! Прекрасна поставеност на Месечината имате во понеделник, која ќе ви ја донесе целата среќа која ви треба на секое поле. Понатаму, во другите денови, би требало да добиете убаво признание или потврда за работата на вашето работно место. Со планетата на среќата Јупитер во вашиот знак, ќе следува период на позитивни афимрации, односно конечно ќе можете да уживате во плодовите. Најдобри денови се – петок и сабота, искористете ги за љубов! Додека малку нерасположени може да бидете во недела.

Стрелец – За жал, планетата на љубовта, Венера, влегува во лоша опозициска поставеност со вашиот знак, па затоа не очекувајте убави резултати на сентиментален план. Можни се кавги и недоразбирања со партнерот во овој период, но можни се и сомнежи за неверство…Најдобро е да ги решите недоразбирањата со разговор, особено во деновите вторник, среда и четврток, кога Месечината ќе ве поддржи со присуство во вашиот знак. На работното место, Меркур – планетата на комуникациите, гарантира одлични резултати, особено во централните денови од неделата.

Јарец – За жал, неопходни се уште две три недели на трпение, а потоа конечно нема да имате проблеми со лошата поставеност на Меркур, кој ви носи недоразбирања и кочење особено на работното место. Работната недела пред вас и понатаму ви носи стрес и анксиозност, работи кои добро ви се познати во последно време…Сепак, најлошото е веќе поминато, само уште малку треба да стиснете заби…Одлична поставеност на Месечината во петок и сабота ќе ви донесе пријатни моменти на емоционален план. Побарајте ја од партнерот целата поддршка која во овој период ви е неопходна.

Водолија – Оваа недела ѕвездите ќе ви се насмевнат и ќе бидете пресреќни! Може да сметате на поддршката од Венера која ќе ви гарантира љубов и страсти, но и на поддршката од Меркур кој ќе им помогне на осамените Водолии да остварат среќни и важни љубовни средби. Најдобри денови од неделата кои треба да ги искористите се вторник, среда и четврток, особено на работното место. Што се однесува до чувствата пак, сметајте на супер романтичен ден во недела.

Риби – Лошата поставеност на планетата на љубовта – Венера, и оваа недела ќе ви донесе потешкотии на сентиментално поле…Вашата врска нема да ве задоволува како што сакате и како што треба, а од партнерот ќе барате потврда за вашите и неговите емоции, кој пак, ќе изгледа збунето. Осамените Риби, од друга страна, може да имаат потешкотии да започнат нови врски … Особено тешки ќе бидат деновите – вторник, среда и четврток. Подобро расположение очекувајте во петок и во сабота.

x

Check Also

„Со точак во Пастел“: Пастел организира акција со велосипед за намалување на загадувањето на околината

Ресторан Пастел и Пекарница Пастел организираат креативна кампања во месец септември насловена ...