Неделен специјалитет: Ролат од телешки гради

Дегустирајте го специјалитетот ролат од телешки гради и направете од ручекот вистински празник за непцата.

За да го подготвите ова вкусно јадење потребно ви е:

1,5 кг. телешки гради

1 кг компири

½ кафена лажичка сенф

1 врзоп зелен за супа

200 мл бело вино

Мед

2 лажици коњак

1 лажица маргарин

Листови естрагон, тимијан, сол и црн пипер

Масло за јадење

За филот потребно е:

100 грама мелено месо

50 грама чадена сланина

1 главица кромид

1 лажица маргарин

1 парче леб без корка

Малку млеко

1 јајце

100 грама шампињони

Сол, црн пипер, листови естрагон или жалфија

Подготовка на филот:

Ситно исечканиот кромид кратко испржете го на маргаринот. Додадете ги на меленото месо со исечканата сланина, лебот потопен во млеко и исцеден, јајце, сол, црн пипер, естрагонот или жалфијата и шампињоните.

Подготовка на специјалитетот:

На телешкото месо отстранете му ги коските, посолете и наросете мелен црн пипер. Во месото засечете поголем џеб и наполнете го со претходно подготвениот фил. Зацврстете го џебот со чепкалки и свиткајте го месото во ролат. Премачкајте го ролатот со сенф, наросете тимијан и попрскајте со масло за јадење. Во тавата за печење врз ролатот наредете половинки излупени компири и исечкан зелен за супа. Печете час и половина на 200 степени. Повремено месото преливајте го со сокот во кој се пече, а по еден час печење додадете 100 мл вино. Пред крајот на печењето премачкајте го ролатот со мед и 1 лажица коњак. Испечениот ролат извадете го на чинија и оставете го да се излади. Во изладениот сос од печењето додадете го преостанатото вино, естрагонот и 1 лажица коњак, и ставете да зоврие. Со овој сос прелијте ги парчињата ролат.

Послужете со чаша квалитетно црно вино. 

slika 200

x

Check Also

Пилешко со јогурт и есенски зеленчук, неповторлив вкус!

Пробајте го овој фантастичен есенски рецепт. Исечкајте го зеленчукот, додадете ги копанчињата ...