Неделен хороскоп (6-ти до 12-ти мај): Топ знаци на неделата- Овен, Лав и Близнаци

И оваа седмица Овните се кралеви на зодијакот. Венера и Меркур блескаат во знакот на Овен, носејќи многу среќа и за сите огнени знаци. Помалку среќа ќе имаат кутрите Вагички, Јарци и Ракчиња. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 6-ти до 12-ти мај.

Овен – Супер недела!

Уште една супер- недела за вашиот знак, со Венера и Меркур во конјукција. Одлични вести би требало да пристигнат во понеделник, вторник, петок и сабота, кога и прекрасната Месечина ќе блеска за вас гарантирајќи ви многу среќа на сите полиња! Љубовта ви се насмевнува и ви подарува големи емоции, за осамените – полни срца љубов. Можна е само мала непријатност во среда или четврток.

Бик – Пресвртот е зад аголот

За вашиот знак ова е среќен период. Следните недели треба да ви донесат многу задоволства и на работен и на сентименатлен план. Во овој миг, не ви останува ништо друго туку да почекате за периодот кој следува…Имајте трпение, пресвртот е зад аголот. Среќни денови ќе бидат среда, четврток и недела, додека петок и сабота може да се соочите со моменти на стрес.

Близнаци – На големо

Вашата седмица не може да почне подобро од ова! Прекрасната Месечина е во конјукција во понеделник и вторник, носејќи ви одлични новости. На работен план на повидок се важни признанија, додека на сентиментален план подгответе се да доживеете големи чувства! Марс во конјукција ви носи голема енергија и физичко здравје, па лесно ќе ги исполнувате задачите. Единствен „не“ ден во неделата е недела, кога Месечината е неповолна.

Рак – Среќна Месечина!

Драги Ракчиња, оваа недела, за жал, се уште ќе треба да се борите со неповолната поставеност на Меркур и Венера која ви создава пречки на емотивен и деловен план. За среќа, може да се надевате на добрата Месечина која ќе ви носи среќа, особено во деновите среда и четврток. Среќен ден за љубов е недела.

Лав – Недела за помнење!

Ова за вас ќе биде седмица за паметење. Не само што на ваша страна се Марс, Венера и Меркур, туку и прекрасната Месечина ќе блеска за вас во петок и сабота, која ви гарантира крај на неделата со многу емоции! Убави вести на работен план треба да пристигнат во понеделник и вторник, додека на емотивен план – со саканото лице ќе бидете повљубени од билокога.

Девица – Нервозен почеток на неделата

Драги Девици, вашата седмица ќе започне со нервози – во понеделник и вторник Месечината за вас ќе биде неповолна заедно со Марс, па ќе бидете незадоволни, лошо расположени и со пад на енергијата. Веќе во среда ситуацијата се подобрува се до недела, кога прекрасната Месечина во конјукција ќе ви подари некое изненадување. Осамените Ракови треба да остварат среќна љубовна средба.

Вага – Стиснете ги забите!

И оваа недела за вас, за жал, нема да биде поволна, па затоа стиснете ги забите. Опозицијата на Меркур може да создава константни пречки на деловен план, додека лошата поставеност на Венера ќе ја стави на тест вашата врска. За среќа, тука е добрата Месечина која ќе истрча на помош, носејќи ви среќни моменти во понеделник, вторник, петок и сабота.

Шкорпија – Покажете се какви што сте!

Оваа недела може да сметате на среќните денови среда и четврток, кога една прекрасна Месечина ќе застане на ваша страна и ќе ве поддржи. Петок и сабота пак, може да се соочите со пречки и тешкотии особено кога се во прашање деловните проекти. Ако се плашите да се претставите во вистинско светло – такви какви што навистина се, ризикувате да го загубите саканото лице, доколку пак го покажете вистинското лице – љубовта ќе ви се насмевне!

Стрелец – Не губете верба

Драги Стрелци, понеделник и вторник ќе бидат два стресни дена за вашиот знак. Опозицијата на Марс ќе биде поддржана и од Месечината што значи дека ќе се чувствувате демотивирани, иако немате причина за тоа. Ѕвездите подготвуваат за вас голем успех во блиска иднина! Затоа продолжете да чекорите смирено по патот по кој сте тргнале и имајте верба во вашите способности. Најсреќни денови ќе бидат петок и сабота.

Јарец – Не брзајте

Оваа седмица ќе се соочите со неповолната поставеност на Месечината во опозиција, во деновите среда и четврток, кога може да се соочите со невкусна шега. Ако работите на проекти, внимавајте да не брзате и да донесете избрзани одлуки. Подобро е да почекате малку, за некоја недела ќе биде многу полесно да ги најдете решенијата и вистинските контакти кои ви гарантираат успех. Неповолната Венера ќе ви донесе тензични дискусии со партнерот.

Водолија – Среќна недела

Пред вас е една навистина среќна недела во која нема да недостигаат прекрасни вести! Венера е поволна и ви гарантира среќа и големи емоции, додека Меркур ви носи нови можности на деловен план, особено во среќните денови понеделник и вторник. Внимавајте на деновите петок и сабота кога Месечината е неповолна и може да ви донесе некоја пречка на патот.

Риби – Малку замор…

Драги Рипчиња, пред вас е една седмица во која ќе се чувствувате уморни. Марс е неповолен и може да ви донесе настинки, главоболки и воопшто, пад на енергијата. Но, не грижете се, набрзо ќе пристигнат убави вести. Сметајте на среќните денови среда и четврток, кога Месечината ќе биде на ваша страна. Внимавајте пак, на денот недела, во кој не е исклучен стресот.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...