Недоливи модни парчиња во пастелни нијанси во пролетната колекција од Mango

Нежните пастелни нијанси, како бледо-розовата и светло-сината, се присутни во пролетната колекција на Манго.

Модните парчиња во пастелни бои годинава ги гледаме и во колекциите дизајнирани за постудените денови, но секако се резервирани за пролет и лето. Пастелните нијанси одлично се „носат“ и кога ги комбинираме со друга пастелна нијанса, но и со сите модни парчиња во неутрални тонови.

Во пролетната колекција на популарната шпанска модна Манго најдовме преубава плисира сукња со бели точки на нежен, зелен материјал, слична таква кошула во „пижама“ стил, елегантни панталони со висок струк во пастелна розова нијанса (совршени за деловна атмосфера), преслатко бледо-розово џемперче, но и модни додатоци и чевли во неодоливите тонови на највкусниот сладолед од јаготка или од малина.

Погледнете ја фотогалеријата.

x

Check Also

Кендал Џенер е ѕвезда во кампањата Giambattista Valli x H&M

Лансирана е кампањата Giambattista Valli x H&M, а долго очекуваната колекција ќе ...