Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата црвена боја на овој цвет внесува волшебна атмосфера, без разлика дали сме ја декорирале масата, некој агол од домот или пак домашниот праг.

Иако сам по себе е доволен, многу убави се декорациите со овој цвет кога е во комбинација со празнични саксии, светилки или свеќички, мали борчиња, лампиони и други весели или елегантни украси. Многу убаво изгледа и кога саксијата ја сместуваме во кутија за подарок.

На почетокот на 19 век, цветот денес познат како Божиќна ѕвезда, стигнал во Европа од Северна Америка. За тоа е заслужен Џоел Роберт Поинсет и токму во негова чест цветот го добива името Поинсетија, иако латинското име и е пилцерима.

Поенсетијата спаѓа во редот на чувствителни билки, па доколку сакате долго да трае, а не само во текот на празниците, си бара специфична нега. Просторијата во која ја поставувате треба да има влажен воздух, а за тоа да го постигнете неопходно е секој ден да ја попрскувате со водичка, но само по долниот дел на стеблата. При тоа, внимавајте да не ги прскате и листовите.

Идеалната температура за добар развој на цветот подрзабира просторијата да има температура меѓу 12 и 25 степени. Најдобро е да не ја поставувате во близина на изворот на топлина и водата со која ја поливате претходно да биде отстоена бидејќи е чувствителна на водоводна и ладна вода. Самото поливање на Божиќната ѕвезда е многу едноставно. Важно е да ја проверувате влажноста на земјата секој ден, а да ја поливате тогаш кога земјата е потполно сува и тоа така што вишокот вода да продре во подметнувачот на саксијата.

Поинсетијата може да си ја пресадите, а тоа е тогаш кога ќе забележите дека листовите ја смениле бојата, односно горниот дел пожолтел (обично тоа се случува во април).

Пред да ја купите имајте на ум дека е многу важно како изгледа билката која ја купувате. Имено, добро погледнете ги боите на нејзините листови и водете сметка дали се оштетени или не. Најдобро е да купите билка со темнозелени, здрави листови и цветови во силно-црвена боја. Во зависност од големината на билката, чини од 250 денари па нагоре, а може да ја најдете во сите цвеќарници како и на сите пазари.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...