Нејзините „плус-сајз“ фотографии во долна облека предизвикаа лавина реакции на Интернет

Родена во мал град, Куртни Мина, девојка која од детството имала проблеми со гојазноста, одлучува да се пресели во поголем град и да си ги испони соништата. Го завршува факултетот во Лондон и се преселува во Торонто каде започнува кариера на модел. Да, добро прочитавте, на модел.

km2

Куртни Мина е модел, модна блогерка и писателка. Телесната тежина не и е проблем да се занимава со работите кои ги сака, убавината и модата. Така се вика и нејзиниот блог, Фешн енд Бјути. Куртни е во среќна врска и со момчето живее во Отава. Во слободно време се фотографира во долна облека и таквите селфи-фотографии ги постира на Инстаграм и Фејзбук. Има многу следбеници, а критиките се поделени. Некои ја охрабруваат во тоа што го прави, а некои пак и забележуваат на нејзината тежина.

km 1

Како и да е, Куртни не мисли да престане да се занимава со професијата модел. Објаснува дека порано, како девојче, била преоптоварена со најразличните критики, но сега е сигурна во себе и се сака себеси. Таква каква што е, со сите облини на неа. Кренала раце од диетите, иако уште како девојченце сонувала еден ден да ослабне и да стане топ модел. А како годините минувале, и како ниедна диета не успеала да ја ослободи од килограмите, одлучила да стане плус-сајз модел. Поточно, екстра плус-сајз модел.

Куртни објаснува дека во своето тело се чувствува неверојатно секси, особено кога позира во долна облека.

Порано ја прикривала тежината носејќи широка облека, но сега веќе не размислува така. Напротив, сега Куртни начесто се облекува во тесни парчиња нагласувајќи си ги облините од кои воопшто не се срами.

km3

„Денес можам да кажам дека сум горда што станав жена каква што од девојче сонував да бидам. Самоуверена на сите полињана мојот живот, и не само што го прифаќам телото такво какво што е, туку апсолутно го сакам своето тело. Моето тело е уникатна форма на убавина – големо е, дебело, со облини, и слатко женствено. Како боди-позитивити активистка и модел, повеќе од среќна сум да го покажам на публиката со гордост“, вели Куртни.

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...