Нека врне!

Дождот овојпат не успеа да ни го расипе модното робување.

01

Тие упорни и силни водени капки само ја надополнија нашата модна страст и ги навиткаа нашите совршено рамни коси во романтични кадрици.

02
Додека дождот мисли дека ви напакостил, вие бидете побрзи и запрете ги неговите „лоши намери“ со еден голем и модерен чадор.

05
Голем или мал, разигран со линии или каро, еднобоен елегантно црн или колоритен во боите на виножитото.

06
Доколку го заборавивте вашиот чадор, а дождот ве изненади тогаш вашата голема чанта или вашето омилено модно списание ќе се „жртвуваат“ само да ја спасат својата модна господарка.

03 чанта
04 списание

М.Р.

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...