Неколку комбинации со лубеница кои ќе ве освежат во топлите денови

Лубеницата содржи 90 отсто вода, поради што е на самиот врв на листата на најдобри летни намирници. Освен што ја гасне жедта, извор е на витамините Ц, калиум и магнезиум и го задоволува апетитот. Уште една предност на ова вкусно овошје е малиот број на калории – само 49 во една чашка лубеница.

При купување обавезно проверете дали е со темно зелена боја зашто тоа е прв знак дека е зрела. Би требала да биде тешка, поради присуството на вода во составот, а кората мора да биде цврста. За да проверите дали е доволно зрела може да чукнете на неа и ако слушнете длабок тон, речиси е сигурно дека вистинската сте ја одбрале.

Тешко дека ова слатко овошје може да ви здосади, но ако сакате гастро експерименти, обавезно проверете ги нашите рецепти.

Почнете со дладолед од лубеница и нане, за кој ви е потребно само трпение за вадење на семките и бледнер.

Втор рецепт кој не смеете да го пропуштите е сицилијанскиот црвен пудинг кој се сервира со фстаци и чоколада.

Следна на ред е необичната комбинација на лубеница со ѓумбир, нане и кокосово млеко. Сите овие состојки прават најубава летна супа.

Не прескокнувајте ја и слатко-солената комбинација со фета сирење и капини, малини и боровинки.

После овие специјалитети од лубеница, дегустирајте и коктел од шампањ и лубеница.

x

Check Also

Кое куче е идеално за вас според хороскопскиот знак

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, нѝго одредува карактерот, вкусовите, што ...