Неколку причини кои ни таложат килограми

Во здравата исхрана и физичката активност е клучот до витката линија, но постојат и причини кои независно од храната можат да придонесат за зголемување на телесната тежина.

Една од нив е депресивноста и нервозата. Често се случува кога сме незадоволни или под стрес да посегнеме по исклучително солена или блага храна, а ваквиот нагон си има своја позадина. Имено, многу солената или многу благата храна го поттикнува зголеменото лачење на хормонот на среќата, серотоним, кој моментно ни го подобрува расположението. Но ваквите „празни калории“ се виновни за непосакуваната зголемена тежина.

Хормоналните промени се уште една причина за здебелување. Јасно е дека пред менструалниот циклус чувствуваме повеќе глад од вообичаено, а истото се случува и со употреба на апчињата за контрацепција, апчиња за нормализирање на крвниот притисок, но и со стероди.

Бавниот метаболизам е причина зошто некои полесно и побрзо можат да наталожат килограми од друг кој внесува иста храна, но не се здебелува. Бавниот метаболизам може да се забрза со зголемена физичка активност, како и со некои додатоци во исхраната, на пример чили пиперчиња, зелен чај, цимет…

Уште една важна причина се годините. Кога ќе се помине 30-та година од животот потешко може да се ослободиме од некој килограм. Истражувањето направено на жени меѓу 20 и 50 години потврдува дека просечната жена секоја година додава по еден килограм од кој потоа не се ослободува.

x

Check Also

Топ 7 намирници кои го зајакнуваат имунитетот

Променливото време кое доаѓа со есента носи и вируси и настинки. Најдобар ...