Неколку занимливости од приватниот живот на Елон Маск: „Животот со Маск не е воопшто лесен“

Основачот на PayPal, а сега веќе и на култната компанија Тесла, бизнисменот и визионер Елон Маск, поседува имот кој се проценува во вредност од 13 милијарди евра. Очигледно ум, пари и шарм на Маск не му недостигаат, иако биографот Ешли Ванс пишува дека „животот со Маск не е воопшто лесен“.

За врската со глумицата Амбер Харт

Живее луксузно и на висока нога, што обичен „смртник“ од неговиот начин на живот би добил вртоглавица. Со својата поранешна девојка, глумицата Амбер Харт, неодамна „одлетал“ од Лос Анџелес за Лондон само за една ноќ да се забавуваат со уште неколку познати ликови. На Амбер настојувал максимално да и удоволи, меѓу другото, неа и на нејзините три сестри им уплатил летување во најлуксузниот хотел во Мајами. Харт била и честа гостинка на неговиот имот во Лос Анџелес, вреден 17 милиони долари.

со Амбер Харт

Откако медиумите објавија дека врската со Харт завршила, се зборува дека Маск, кој инаку е „слаб“ на русокоси девојки, цели да ја освои Дакота Џонсон во која наводно се вљубил штом ја видел.

Однос кон сопругите

За неговата широкоградост кон жените медиумите пишуваа многу. 45-годишниот „селф мејд“ милијардер е во добри односи со неговата втора (поранешна) сопруга која до неодамна живеела на ранч подарен од него. Оваа „куќичка“ славниот милијардер ја купил како „помошно игралиште“ за својот станбен комплекс.

со Талула Рајли

По второто склопување на брак во 2010 година, со британската глумица Талула Рајли, следел развод во 2012.,за една година подоцна повторно да се венча со втората сопруга. Во својата биографија, поранешната сопруга го нарече егоцентрик и ексцентрик. Биографот Ешли Венс пак, пишува дека животот со него не е воопшто лесен. На пример, кога со Џастин добил синче кое ненадејно починало само после 10 недели живот, Маск и рекол дека тој нема намера да разговара понатаму за тој „случај“, зашто тагувањето е само манипулирање со емоциите.

со првата сопруга и децата

„Тој го прави само тоа што го сака, и при тоа е немилосрден. Ова е свет на Маск, а ние останатите сме само содржина на тоа“, рекла неговата прва сопруга. Таа тврди дека со неа имал однос како да му е вработена. Кога таа би се пожалила на таквиот третман, тој и одговарал -„ да работиш кај мене, би те отпуштил“. Нивниот брак траел од 2000 до 2008 година. Тогаш Маск во тајност поднел барање за развод, а таа сфатила за што се работи кога веќе следниот ден сите кредитни картички и биле блокирани. И било јасно дека одлуката за развод нема да ја слушне од него, туку од неговиот адвокат.

Прогонуван како момче

Откако со својот брат се доселил во САД, тогаш 17-годишниот Елон Маск потполно се посветил на работата. Во Јужна Африка, кадешто живеел до тогаш, доживел голем мобинг како момче. Со години го провоцирале, прогонувале и тепале, а понекогаш добивал таков ќотек што завршувал во болница.

„Ме прогонуваа толку сурово, а Бог знае зашто“, еднаш изјавил Маск на таа тема. Освен тоа животот со татко му, како што сам наведува, бил „психичка тортура“ и дополнително му го отежнувал детството.

Дете-чудо

На само 12 годишна возраст ја развил првата видео игра. Во САД студирал физика и економија. Потоа, основал Интернет фирма, брзо заработувајќи пари, па на 27-годишна возраст веќе бил милионер. Строгиот шеф еднаш за себе рекол – „побрзо би извршил самоубиство отколку да прифатам неуспех“. Од друга страна, колку и неговите идеи да се генијални, на глас меѓу вработените е како суров шеф. Се зборува дека своите соработници и вработени ги навредува и ги отпушта поради ситници.

Елон Маск во 1999 година

„Доволно е да ти најде мала грешка во мејлот и веќе леташ од работа“, вели биографот Ванс во неговата книга „Elon Musk: Tesla, SpaceX, and the Quest for a Fantastic Future”.

Авторот на оваа книга со Маск разговарал 30 часа. „Тој е комплициран и разновиден. Неверојатно интензивна личност. Способен е да направи позначајни дела од Стив Џобс. Единственото прашање е дали се тоа може емоционално и телесно да го издржи“, вели Ванс.

Иако „плива“ во пари, Маск и понатаму работи 15 часа на ден, спие шест часа, а неуморен е на забавите. Пријател е со Камерон Диаз и Леонардо Ди Каприо. Ја нема таа точка на земјината топка која за Маск е далечна кога е во прашање дружење со пријателите. Подвижен е затоа што поседува приватен авион, но и свесен е за својата улога и важност во времето во кое живее.

x

Check Also

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Животното осигурување станува сѐ поатрактивно за македонските граѓани што ги препознаваат бенефициите ...