Неколку занимливости за годинешниот Мет Гала: Билети по цена од 30.000 долари

Првиот понеделник од месецот мај е резервиран за настанот Мет Гала кој традиционално се одржува во Метрополитен музејот во Њујорк. Оваа година тема на настанот беше “Rei Kawakubo/Comme des Garçons: Art of the In-Between“, омаж на јапонската дизајнерка. На овој настан гостите ги кани главната уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур.

Ана Винтур

Годинава, освен Ана Винтур, домаќини на Мет-Гала беа и Том Бреди, Жизел Бундхен, Кети Пери и Фарел Вилијамс.

Билетот чинеше 30 000 долари по лице, а за масите цената е 275.000 долари (по маса). Забавата и програмата се спонзорирани, а годинава спонзори беа Apple, Condé Nast, Farfetch, H&M и модната куќа Valentino. Спознорството оди за Met’s Costume Institute. Лани, настанот собра околу 12,5 милиони долари за модниот музеј.

Ријана во Comme des Garcons

Знаејќи ги спонзорите на настанот, очекувано беше дека некои од ѕвездите на црвениот тепих ќе носат модни креации од Valentino и Comme des Garçons.

Но и останатите модни бреднови, типично, ги облекуваат ѕвездите од А-листата. Ѕвездите пак, кои веќе се ангажирани во модни кампањи на одредени модни марки (како на пример, Бела Хадид за Томи Хилфигер), секако се обврзани со договор на црвениот тепих да носат нивни креации.

Џиџи Хадид во Tommy Hilfiger

На годинешниот настан беа поканети нешто помалку од 600 гости, значително помалку од бројот на гостите на изминатите Мет Гала настани. Очекувано, атмосферата беше „поинтимна“ и „поприватна“.

Вообичаено е Ана Винтур да дава дозвола за секој непоканет гостин кој ќе изрази желба да се појави на настанот. Во оваа група се вклучени и оние гости кои се поканети од модните брендови (спонзорите), но не добиле покана од Ана Винтур.

На медиумите им е дозволен пристап само околу црвениот тепих, но не и за време на вечерата во музејот.

Кајне Вест не се појави годинава на настанот, иако беше регуларно поканет. Неговиот избор бил да се одмори во друштво на децата.

Неговата сопруга пак, Ким Кардашијан се појави на црвениот тепих во креација на Вивиен Вествуд.

x

Check Also

Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно го прославија 4-ти јули

Двете sвезди заедно ја поминаа годишнината славејќи ја независноста на Америка. Прво ...