Неколку занимливости за маскарата

Маскарата е денес еден од најупотребуваните производи од декоративната козметика. Но нејзината еволуција е прилично долга, за да го добие обликот кој денес го познаваме. Првата маскара е измислена пред околу 170 години.

1.

 Првата маскара била измислена од страна на хемичарот Ежен Римел (1820-1887). Римел кој имал француско потекло, бил познат британски бизнисмен и парфимерист, познат и по производство на некои од првите козметички производи.

Во 1834 година ја отворил својата парфимерија „Хаус оф Римел“. Веќе на 24-годишна возраст бил славен по своите козметички изуми, меѓу кои и маскарата. До денес името Римел е синоним за маскара.

Првата маскара која ја изумил била наменета за актерите во британските театри. Не личела многу на денешните маскари, станува збор за сет- кутија во која имало вазелин и четкичка со која вазелинот се нанесувал на трепките. Маскарата била позната како нетоксична маскара.

2.

Следната генерација на маскари доаѓа од „Мајбелин“.Смесата направена од вазелин и прашкаст јаглен била измислена од страна на хемичарот Т.Л Вилијамс, а маскарата била посветена на неговата сестра Мајбел, во 1913 година.

3.

Во 1935 година на австриската пејачка Хелен Винтерштајн Камберски и дошло „преку глава“ од маскари кои не можеле да бидат отпорни на рефлекторите и топлината на сцената. По многу испитувања и обиди, наводно дури околу 2.000 обиди, таа конечно го нашла рецептот за водоотпорна маскара. Смесата почнала да се продава во туби.

4.

Во форма која денес ја познаваме, маскарата се појавува на пазарот во 1957 година, благодарение на Хелена Рубинштајн. Промоцијата на новата маскара Рубинштајн ја направила со спектакуларна ревија во вода.

x

Check Also

Prada Candy Night – нов пролетен парфем од Прада

Колекцијата Candy на Прада содржи неколку парфеми, а сега ни пристигнува и ...