Нема ли Асанж попаметна работа од модната работа?

Сите станаа „модни креатори“, па зошто да не и Асанж?

Беше поканет да биде и модел на Модниот викенд во Лондон, но не стаса од „оправдани здравствени причини“

Беше поканет да биде и модел на Модниот викенд во Лондон и прифати, но не стаса од „оправдани здравствени причини“

Немаме ништо против.

Напротив. Само доколку, во меѓувреме, научи како се запетлуваат копчињата на, да кажеме, сакото во кое го гледаме на малите екрани.

Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, ќе лансира сопствена модна линија која ќе вклучи маички, блузи, часовници, модни додатоци и канцелариски материјал со неговиот лик и ликот на Че Гевара (ислучителен во стилот, но кој никогаш не го ни споменуваше, како ни модата и страстите, веројатно од оправдани причини). 

Колекцијата е реализирана во соработка со индијската модна компанија „Франшајз“, а ќе доминираат слоганите од типот „Обелоденетите документи ја обелоденуваат неправдата“.

До тука се ни е јасно (вклучувајќи ја и „мелницата“, бизнисот, и моќта на модната индустрија и пораките кои ги испраќа).

Не ни е јасно само – дали Асанж нема попаметна работа од модната работа?

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...