Необична салата од грашок и горгонзола

Веројатно сте пробале различни јадења со грашок, но оваа салата е вистинско гастро уживање.

За да ја подготвите потребни ви се следниве намирници – 500 грама грашок (свеж или смрзнат), 30 мл вински оцет, 50 мл маслиново масло, 1 лажица сечкан магдонос, 1 лажичка нане, 100 грама горгонзола, 30 грама ореви (или бадеми), 30 грама суво грозје, малку сол, 1 сечкан кромид, малку црн пипер.

Подготовка

Во лонец со врела вода го ставаме грашокот и го вариме околу 5 минути. Сварениот грашок го цедиме и оставаме да се излади.

Во посебен сад го ставаме грашокот со ситно исечканиот кромид, лажичка сол, половина лажичка црн пипер, додаваме вински оцет, маслиново масло и се добро заедно мешаме. Потоа го додаваме и сечканиот магдонос, сечканото нане, сирењето исечкано на ситни коцки, сувото грозје и оревите, па нежно се мешаме заедно. Садот го покриваме со чинија или проѕирна фолија и го оставаме во фрижидер околу 20-на минути да отстои пред сервирање.

x

Check Also

Палачинки со домашно костен пире

Уживајте во сите благодети на есента вклучувајќи го и овој фантастичен рецепт ...