Необични обичаи на туристичките земји ширум светот

Туристите честопати се изненадени од некои локални обичаи на земјата што ја посетуваат. Сајтот Fly To Dubai објави обичаи од целиот свет кои можат да ве шокираат, со цел да ги упатат туристите како да се однесуваат во одредени земји.

Ако патувате за Грција, треба да имате предвид дека повеќето тоалети имаат лоши канализациони цевки и тоалетната хартија не може да исчезне кога ќе пуштите вода. За Американците е типично да бараат бакшиш каде и да одите – од келнери до хотелски персонал. Се очекува да додадете бакшиш од 15 до 25 проценти на сметките во ресторанот.

Во Јужна Африка, мора да јадете она што ви е дадено затоа што негирањето може да се смета како знак на непочитување и може да го навреди локалното население. Локалните племиња ќе ве почестат со посебно јадење кое често се состои од инсекти или животински органи.

На оние што патуваат во Истанбул им се препорачува да понесат чепчиња за уши, бидејќи секое утро може да се разбудат многу рано од звукот на молитва што се шири низ Истанбул од голем број џамии. Во Полска, ќе мора да платите за да одите во тоалет, затоа секогаш подготвувајте ситни пари.

Во Кина не важи западната политика „изеди сè што е во чинијата“. Ако изедете се, домаќинот ќе помисли дека сакате повеќе храна и може да биде навреден.

Ако користите воз како превозно средство во Индија, мора да бидете подготвени за борба при влегување во возот. Но, остатокот од возењето ќе биде пријатно бидејќи тие се многу културни и ќе ви се извинат доколку случајно ве допрат.

Мексиканците се многу срдечни луѓе, затоа немојте да бидете изненадени ако некој од нив „ви влезе во лице“ додека зборувате. Додека во Англија или Германија се смета за напад, за Мексиканците тоа е израз на пријателство.

Французите сакаат да се бакнуваат и на секој поздрав ќе ве бакнат двапати во образ. За разлика од повеќето земји, во Бугарија движењето на главата лево и десно значи „да“, а горе и долу значи „не“.

Пред да ги спакувате куферите, распрашајте се добро за земјата во која одите и за нејзините обичаи за да го направите вашиот одмор што е можно попријатен.

x

Check Also

Формирана  „Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници“ (МАТАВП)

Викендов во Скопје, во хотелот „Панорамика“  беше претствена новоформираната асоцијација „Македонска асоцијација ...