Необјавени фотографии за љубовта на Ричард Гир и Александра Силва: Ти си љубовта на мојот живот! (ФОТО)

Александра Силва, која е сопруга на актерот од 2018 година, на Инстаграм објави три никогаш невидени фотографии од нивната свадба. А тука се и неговите зборови полни со љубов: „Денес е денот кога се оженив со најубавиот човек што некогаш сум го сретнал“.

Во мај 2018 година, веднаш штом го рече судбинското „да“ ново-ожениот, Ричард Гир (70), рече: „Јас сум најсреќниот човек на универзумот. И како не би можел да бидам? Се оженив со интелигентна, чувствителна, посветена жена,  забавна, трпелива, способна да простува, а и готвачка која ги приготвува најубавите салати во светот.“

Две години по таа љубовна изјава, по повод двегодишнината од свадбата, неговата сопруга Александра Силва (37) се навраќа на романтичните зборови на својот сопруг. И тоа го направи за првпат со објавување на три необјавенифотографии од нивната свадба, на Инстаграм.

И следуваат нејзините зборови.

„Денес е денот кога се омажив со најпрекрасниот човек што некогаш сум го сретнала, знам дека звучи како клише, но вистина е!“, напиша шпанската активистка на социјалните медиуми, „доаѓа од моето срце, горда сум да бидам со тебе, да го делам овој живот со тебе, да бидам мајка на нашите деца, да бидам твоја пријателка, да бидам твоја сопруга! Ме правиш толку среќна! Ти си љубовта на мојот живот “.

 

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...