Неочекувано будење на планетата: Најголемо намалување на емисиите на CO2 по Втората светска војна 

Покрај вообичаените, претходните неколку месеци беа обележани и со неколку неочекувани, добри вести, кои првенствено се однесуваат на животната околна. Податоците од различни центри за мерење на квалитетот на воздухот, како и сателитските слики објавени од страна на НАСА и Европската вселенска агенција упатуваат на иста работа – нашата планета конечно почна да дише!

Емисијата на јаглерод диоксид ќе се намали за околу 2,6 милијарди тони оваа година. Тоа е шест пати поголем пад отколку по светската економска криза, малку повеќе од пред една деценија и двапати повеќе од сите падови на Втората светска војна. Ако ова ви звучи неверојатно, приказот што го побива секое сомневање пристигнува директно од Индија – сигурно минатиот месец имате сретнато слика од врвовите на Хималаите, што може да се види за прв пат по 30 години од 200 километри оддалеченост!

Покрај оваа сцена, ширум светот кружеа и други позитивни вести кои докажуваат дека природата се врати во нашиот фокус. Подолу се некои од најимпресивните:

  1. Животните повторно владеат и тоа не само во природата

Недостаток на луѓе на улиците по градовите, застојот во туризмот, почист воздух и вода, им даде на некои животни ветар во грб, да одат таму каде не би поинаку или каде не биле долго време. Рибите и лебедите се вратија во некогашните проѕирни и бистри венецијански канали, две патки „фатени“ како пливаат во една од фонтаните на Шпанските скали во Рим, а крокодилите за прв пат по неколку децении излегоа на плажата во Вентанила во Мексико, иако познат по еко туризмот.

  1. Маски и нараквици од пластични шишиња

Дали знаевте дека од едно пластичо шише може да се направат дури две заштитни маски за смарт телефоните и околу десетина нараквици за часовник? Оваа необична идеја произлезе од најновата соработка помеѓу скандинавскиот бренд за текстил Квадрат и компанијата Samsung, а целиот процес на топење на пластика и издвојување на текстилни нишки за правење на маски е покорисен за животната средина од вообичаениот процес. Продолжувајќи во истиот дух, дел од приходот од продажбата на оваа специјална линија на маски за моделот Galaxy S20+ ќе биде дониран на програмата на Обединетите нации посветена на одржлив развој.

  1. Малку повеќе за броевите

Кина, како еден од најголемите загадувачи, бележи пад на емисиите на CO2 дури од 25 проценти во однос на истиот период минатата година. Уште поневеројатна е бројката до која дошол научник од Универзитетот Стенфорд – намалувањето на емисиите на CO2 само во јануари и февруари потенцијално спаси дури 77 илјади животи во Кина.

  1. Пролетни колекцииrecycle bin или upcycle?

Модната индустрија е еден од најголемите загадувачи на животната средина, што се должи на употреба на необновливи ресурси, така и поради унишувањето на непродадената роба. Ова е причина зошто денес модните куќи сè повеќе се свртуваат кон upcycling моделот и обработка и менување на постоечките парчиња ткаенина. Особено креативен и општествено одговорен пример ни доаѓа од данско-холандски бренд, кои целата облека ја изработуваат од искористени постелнини и завеси од париските хотели.

Начините на кои можеме да ја заштитиме нашата планета и сите нејзини жители се доста различни, било тоа дали ќе влијаеме како поединци или во круг на некоја голема организација и компанија. Секој напор е важен и претставува чекор поблиску до убава и чиста иднина во која вакви позитивни вести нема да бидат несекојдневни.

 

x

Check Also

Природен рецепт: Напивка која ги отстранува камењата во бубрезите

Ова е навистина фантастичен природен рецепт, кој ефикасно ги отстранува камењата во ...