Две убавици кои знаат да го носат диско стилот.
Тесни светликави маички или фустани, се разбира за ваква модна комбинација не е доволно само дефинирано тело туку и доза на лежерност.
Летото може да биде супер-секси со различни комбинации на мини џинс, но неодолив моден предизвик е да се облече светликаво парче облека, како што тоа го направија Валентина Граорковска и Мартина Георгиевска.
Ако немате доволно смелост за светликав фустан или маичка, може да изгледате тренди и со вакви модни додатоци, рамни светликави сандали, светликава марама или чанта.