Летната колекција на & Other Stories се надополнува со нови модни парчиња – сите во знакот на трендоските неонски бои.
Неонските нијанси се ова лето насекаде, а ни дизајнерите од & Other Stories не и одолеаа на неон-манијата. Нијансите се движат од неонска зелена до жолта, розова и виолетова. Акцентот е на тесните здолништа и фустани, ремените во виножито нијанси и рамните сандали со „пагети“ врвци.
Во продолжение, дел од колекцијата.