Неретушираните фотографии на плус-сајз моделот Тес Холидеј се моќни

Прват слушнавме за Тес Холидеј во јануари, кога таа стана првиот плус-сајз модел, со околу 120 килограми, која потпиша значаен моден договор. Непосредно пред тоа, оваа блогерка и активистка за позитивен поглед на телото, беше ангажирана за модел од модната марка Торид.

„Торид“ и Тес Холидеј ја продолжија нивната соработка и за кампањата пролет 2015, докажувајќи дека жената е убава без разлика на димензиите на телото. Но овојпат, „Торид“ отидоа уште чекор понапред, објавувајќи неретуширани фотографии од кампањата, на кои очигледно е дека Тес се чувствува сосема пријатно во „своја кожа“.

tes 1

„Пред неколку години бевме навистина ограничени во изборот за шопинг, но сега благодарение на компаниите како Торис постојат многу опции да купите модно парче прикладно за вашето тело“, објаснува Тес Холидеј.

tes 2

tes 3

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...