Невестинска колекција од & Other Stories

Модната марка & Other Stories ја претстави зимската колекцијата дизајнирана за модерни невести, деверуши и гости на свадба.

Освен фустани, во понудата се и костуми и свечени блузи, а најдобар дел од нив се украсени со чипка, бисерчиња или имаат металик ефект.

Дополнително, понудата вклучува модни додатоци – чанти и чевли украсени со кристалчиња или панделки.

Едни од највпечатливите парчиња се сатенскиот костум во бела боја и извезеното сако од плиш кои секако,можат да се носат во билокоја свечена пригода.

Уживајте во фотогалеријата.

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...