NEW YORKER есен 2018: Боите и цветниот принт не си заминуваат со летото!

Кардигани во смели нијанси, блузи и фустани со флорален принт, широки ретро панталони и џемпери со женствен крој – погледнете што ни носи есенската колекција од Њу Јоркер.

Германската модна марка која им се обраќа на младите, за оваа есен најавува „војна“ на здодевните модни изгледи и сивилото, па внесува вистинска свежина во модните парчиња со кои се полнат продавниците на оваа марка.

Ретро-инспирацијата е присутна и оваа сезона, сега доминира кај панталоните кои се по урнекот на моделите од 70-те години. Блузите, наметките и фустаните се карактеристични по цветните принтови најавувајќи разиграна есен, а џемперите се топли но многу стилизирани. Погледнете ги само кардиганите во портокалова нијанса! Тие се апсолутен есенски „маст хев“.

Уште едно модно парче е во центарот на вниманието – хеланките со ефект на кожа кои одлично „стојат“ на различни форми на телото, и на слабите и на полничките девојки. Комбинирајте ги со „кул“ јакничка или палтенце.

Колекцијата содржи и трендовски, младешки накит кој ќе биде јаготка врз шлагот на секоја модна комбинација. Па, повелете, иснпирирајте се од фотогалеријата.

x

Check Also

Новогодишна кампања на Pull & Bear: Еве што предлагаат за дотерување во празничната сезона

Holiday 2019 party е името на новогодипната кампања на модната марка Pull & Bear. Моделите ...