Ние сме на липосукциска диета! А вие?

Како на најбрз и наефикасен начин да се ослободиме од масните наслаги и вишокот на килограми кои особено ни делуваат фрустрирачки во сезоната на потопли денови. Одговорот го најдовме во здравата, липосукциска исхрана.

Познато е дека убавите летни тела се „вајаат“ на пролет. Па, имаме доволно време да го дочекаме летото задоволни од нашиот изглед. Потребно ни е само да донесеме цврста одлука, и да почнеме. И воопшто не треба да чекаме до следниот понеделник или до почетокот на следниот месец за да се охрабриме. Одлучивме, почнуваме од денес.

Што е липосукциската исхрана?

Липосукциската исхрана е револуционерен метод на слабеење кој дава надобри резултати. За само две недели со оваа диета можат да се загубат до 10 килограми. Воопшто не е лошо, нели, со оглед на тоа колкав долг период на неправилна исхрана ни требаше за да ги наталожиме сите овие вишок на килограми!

Нутриционистите од компанијата „International Health“ тврдат дека треба да се вратиме на исхраната на нашите претци, а тоа значи дека треба да ја избегнуваме индустриската храна, а наместо тоа да јадеме месо, риба, јајца, полномасни млечни производи, односно протеински намирници со потекло од нашиот регион. Со ваквиот диетен режим телото ќе се „натера“ да се храни со сопствените масни резерви.

Авторот на оваа диета, нутриционистот Кенан Мандра, кој и самиот со помош на липосукциска исхрана успеал да се ослободи од речиси 40 килограми за околу два месеца, објаснува дека овој режим на исхрана претставува процес на неинвазивна липосукција.

Особено е важно, истакнува Мандра, дека липосукциската диета е сигурна, без разлика на брзината со која ги губиме килограмите.

Што смееме да јадеме кога сме на липосукциска диета?

Липосукцискиот диетен режим вклучува конзумирање на здрави масти и протеини, а ги исклучува јагленохидратите и шеќерите.

Сите оброци детално се планирани од тимот нутриционисти и се целосно адаптирани на потребите на поединецот. Диетното мени е разновидно и воопшто не е здодевно, додека со броењето на калории не треба да се мачиме.

На пример, за појадок можат да се конзумираат и домашни кекси со цимет, смути напивки, омлет со кашкавал, туна, пилешка салата или пласкавици од тиквички. А има и уште цел еден куп на други здрави рецепти кои ќе ви ги претставиме во следните написи! За ручек – пилешки плескавици, крем супа од печурки, полнети шницли, риба…, а секако се добредојдени и свежите салати, додека пак, вечерата е главен оброк кога можеме да конзумираме и бифтек, пилешки крилца, пилешки батак, морски плодови…, односно изворна храна која е богата со протеини.

Добрата вест за оние кои не можат да се откажат од слатки е во тоа што се дозволени десерти базирани на овошје, поточно на природни шеќери кои не се претвораат во масти.

Еден циклус на липосукциска диета овозможува симнување на седум до десет отсто од телесната маса, а трае 14 дена. Од „International Health“ не информираа дека за време на диетата ќе се чувствуваме добро и расположени, дека нема чувствуваме глад и нема пад на енергија.

Ние почнavme, а вие?

Како да започнеме со липосукциска диета?

Нутриционистите од претставништето на „International Health“ во Македонија стручно не воведоа во оваа диета, но и понатаму ќе не водат до посакуваната цел.

Самата липосукциска програма вклучува протокол на исхрана со кој ни се олесни дилемата околу тоа што треба, а што не треба да конзумираме, а освен изборот на храна добивме и одредени суплементи во исхраната кои се во вид на протеински напивки. И вкусни се!

Ве охрабруваме и вие да ја донесете вашата црвста одлука и заедно да слабееме.

Закажете го својот бесплатен преглед на телефонот 070 535 033.

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Сончев период, па пак многу студено време, како да ја надминете вознемиреноста?

Променливото време продолжува и во следните денови. Променливото, а студено време, влијае ...