Нијансите кои ги носи кралицата Елизабета го откриваат нејзиното расположение, зошто носи силни нијанси?

Ако кралицата Елизабета не ги носи своите разнобојни облеки, кај фановите постои загриженост: најзагрижувачката нијанса од сите е беж. Ајде да видиме зошто.

Навикнати сме да ја гледаме кралицата Елизабета во хиперколорна облека. Нијансите се движат од пастелни до флуоресцентни, но нешто може да се промени. Ако кралицата не ги „носи“ своите вообичаени бои, а носи кафена или беж нијанса, нешто „во воздухот“ се сменило, или едноставно во нејзиното расположение.

Нејзиното Височество кралицата не може да ги изрази своите чувства премногу слободно во јавноста. Всушност, од моментот кога се искачи на престолот, никој однадвор не знае како е да се биде кралица и како таа се чувствува, но облеката зборува за неа.

Нејзиниот изглед остава простор за толкувањето на расположението на Нејзиното Височество. Секоја облека е избрана детално, ништо не е оставено на случајноста дури и за секојдневна пригода. Светлите бои откриваат пријатно чувство, добро расположение, но ако облечете кафена нијанса, дали е во тмурно расположение? За време кога Хари и Меган го објавија својот „развод“ од кралскиот живот, Елизабета често ја гледавме облечена во облека со кафеава боја. А, веќе е познато, дека нијансата која најмногу не и се допаѓа е – беж. Но, за јавноста ќе беше многу загрижувачки изборот ако облечеше беж гардероба, па изборот паднал на кафена. Еднаш дури, таа сама се изјасни: „Ако јас носев беж, никој не би ја признавал кралицата“.

Избраните бои, всушност, се исто така симболи на разликување од толпата, зашто кралицата не сака да помине незабележано. Во основа има две причини: секој мора да ја препознае, дури и од далечина, но и зошто безбедносните агенти можат лесно да ја идентификуваат за време на вонредни состојби.

x

Check Also

Вежбаме дома со Џејн Фонда, ѕвездата се врати на социјалните мрежи

Иако сме во изолација, размислуваме за нашиот здрав изглед, а размислува и ...