NIKE дизајнира специјална тениска облека за Серена Вилијамс по тешкото породување

Црната пантерка се враќа на терен по породувањето. Облечена во спортска опрема дизајнирана од високо-тешнолошка ткаенина, таа ја посветува победата на сите мајки кои имале проблеми со раѓањето и воопшто на сите жени кои мораа да се опорават од тешки моменти. „Ако јас го направив тоа, можете да го направите и вие“.

„За сите мајки кои имале тешко породување, еве ме тука. Ако јас успеав, можете и вие“, ова се зборовите на 37 годишната Серена Вилијамс, во постот на твитер, на кој има над 8,3 милиони следбеници. Со овие зборови таа го потврди нејзиното враќање на теренот по породувањето на нејзината ќерка Олимпија, која ја роди на 1ви септември 2017.

За оваа сезона, потпиша нов договор со спортската марка Најк, која е задолжена да ја снабдува со врвна тениска облека која помага за подобра циркулација на крвта, по сериозните проблеми кои ги имаше по породувањето.

Првата фотографија на Серена Вилијамс и нејзината ќерка Алекс Олимпија

 

x

Check Also

Шоуто на Викторија сикрет со најлоша гледаност до сега

Шоуто на Викторија сикрет кое се емитуваше на NBC каналот, има најлоша гледаност ...