Ники Минаж, Гучи Мејн, Бела Торн, Томи Дорфман и уште многу други дел од кампањата на Diesel HAɄTE COUTURE.

Затоа што… “The more hate you wear the less you care”

Сите некогаш сме биле жртва на негативи коментари и критика на социјалните мрежи. Што и да правите онлајн секогаш има некој подготвен да критикува и кога ќе се најдат како жртва на неоснована критика, многумина се повлекуваат. Но, криењето и чувствувањето лошо поради тоа не помага никому.

Вистината е дека колку повеќе се соочувате со омразата и ја третирате како иронија и непочитување, тогаш таа има помалку можност да ве повреди. Затоа Diesel ја лансира кампањата Haute Couture и уникатната колекција создадена да го победи говорот на омраза.

Од каде да започнеме ако не од она што дирктно сме го искусиле? Искористивме дел од негативните коментари кои ги добива Diesel како бренд, како на пример “Diesel е мртов”, “Diesel не е повеќе cool”, и ги аплициравме на уникатни парчиња облека.

Потоа, бидејќи никој не добива повеќе коментари на омраза на социјалните мрежи од познатите, во кампањата за оваа сезона вклучивме глобално познати лица како Ники Минаж, Гучи Мејн, Бела Торн, Бриа Винаите, Томи Дорфман, Мајлс Хајзер, Јована Вентура, Барби Фереира, Ју Ах Ин и Џонатан Белини кои ни помогнаа да ја пренесеме пораката: “The more hate you wear the less you care*.

Тие ги избраа најлошите коментари кои некогаш ги добиле и со нив ја дизајниравме ексклузивната Haute Couture колекција.

Новото поглавје во комуникацијата на Diesel започнува и живее токму онаму кадешто се раѓа онлајн омразата – социјалните мрежи. Низ серија кратки видеа и долго кое ги интегрира кратките, ги гледаме овие познати лица како преку танц и иронија ја прославуваат омразата која ја доживеале, на тој начин промовирајќи ја пораката на кампањата.

Сето ова го правиме за ги инспирираме сите да создадат свој начин да преминат преку или да ги неутрализираат негативните коментари на социјалните мрежи. Дел од средствата од продажбата на колекцијата Haute Couture ќе се искористат во програмата против насилство и сајбер насилство на фондацијата Only The Brave која функционира во рамките на брендот.

*Слоганот на кампањата не се преведува за да се задржи автентичноста на пораката.

x

Check Also

Топ 5 трендовски есенски фустани со „анимал“ принт од STRADIVARIUS

Веќе е јасно, дури и за оние кои не ги следат модните ...