Никол Кидман повторно е црвенокоса

Многумина коментираа дека глумицата Никол Кидман која има 51 година, со новата боја на коса изгледа посекси и доста помладо.

Всушност, ваква боја на косата во црвена нијанса Кидман имаше во 80-те и 90-те години, па многумина ги потсети на периодот кога го снимаше филмот Мулен руж.

Сега, 30 години подоцна, Кидман и понатаму привлекува внимание со стариот имиџ кој, според мислењето на нејзините фанови, подобро и стои отколку русата коса.

Инаку, холивудската глумица е фотографирана за време на снимањето на филмот„The Undoing“.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...