Никола Стојаковиќ: Производите на Цептер не ги купуваат богати луѓе, туку умни луѓе!

„Во тек е новата кампања Смарт Лајф Консултант ( Smart Life Consultant) со која до крајот на годинава ќе вработиме дури 100 нови Цептер-амбасадори за здравје. Конкурсот ќе излезе во весниците. Ќе биде тешко, но навистина ќе ги бараме најдобрите. Сигурен сум дека тоа Македонија го заслужува“, вели во ексклузивниот разговор извршниот директор за продажба и маркетинг на Цептер Македонија, Никола Стојаковиќ.

Мадленианум, 02 ноември 2013

Мадленианум, 02 ноември 2013

Разговорот со шармантниот господин Никола Стојаковиќ го водевме во раскошното претставништво на Цептер во Скопје, лоцирано во објектот на СП Маркет во населбата Ѓорче Петров, со поглед низ големите прозорци кон нашиот, се уште нерасонет и малку замаглен, град во рано (есенско) претпладне, и со уште еден поважен поглед – кон иднината.

Извршниот директор за продажба и маркетинг на Цептер Македонија, Никола Стојаковиќ, скромно ни ја објаснува својата животна деловна приказна, дека работата во гигантот Цептер ја добил пред две години, пријавувајќи се на конкурс во Србија. Веднаш одговорил на повикот за разговор кој пристигнал следниот ден по аплицирањето на конкурсот.

„Ме воодушеви ажурноста и брзината, како и професионалноста“, објаснува Стојаковиќ. Оттука започнува и неговата кариера во Цептер. Веќе истата година, постигнатите резултати му овозможиле деловен автомобил и телефон, фиксна плата, неограничено работно време кое, до денес, го „креира“ по сопствена мерка. Во 2011 година Никола Стојаковиќ го добива местото директор на регионот јужна Србија. Потоа следува патувањето во Виена, во 2012 година, кога во свечена сала пред 20.000 луѓе е прогласен за најдобар нов менаџер во светот.

Со поддршка на семејството, на директорката Ивана Ружиќ, на генералниот директор Ѓорѓе Рашиќ, секако и на драгите пријатели, Стојаковиќ ќе продолжи да го следи патот кон понатамошните цели, патот на своите соништа. Некаде на крајот на минатата година е назначен за директор за продажба на Цептер Македонија, воедно раководејќи и со југот на Србија.

„Сништата ми станаа реалност. Патувањата, новите познанства и нижењето на успесите, премиите, сега се тоа е составен дел од мојот живот. А се е поради тоа што верував, и сега, се разбира, верувам, во мисијата на господинот Цептер – живеј подолго, живеј подобро“, објаснува Стојаковиќ.

 

Со верба во иднината и компанијата за која работи, Стојаковиќ во Македонија успеа да ги надмине годишните планови веќе на почетокот на ноември, вработи 250 нови амбасадори за здравје во Македонија, а плановите за иднината му се многу поголеми.

„Верувам во својот успех се додека трае денот, зашто секој нов ден го прифаќам како предизвик за нов почеток. И не се враќам назад“, вели Никола на самиот почеток од нашиот разговор.

Цептер на латински значи кралско железо. Судејќи според името и мотото на компанијата (квалитет, дизајн и технологија), веднаш асоцира на понуда на „кралски“ производи. Која е вашата клиентела?

Цептер (Zepter) освен што на светскиот пазар покажа дека е лајфстајл, сега се трудиме со заеднички сили на луѓето на сите пет континенти да им обезбедиме здравје и подолг живот. Со самото тоа, станува збор за производи со врвен квалитет, кои освен што се синоним за вечност, тие се и секојдневје за човекот што подолго да опстане на планетава. Од новиот производ Smart Life – Z collection, кој ја доживеа премиерата на македонскиот пазар на 11 ноември годинава, компанијата Цептер ќе организира предновогодишен коктел на кој заедно ќе разговараме за новитетите, изумите и начинот за најздрава подготовка на храната, а се тоа ќе биде проследено со новогодишни подароци кои ги подготвуваме за секој кој ќе не посети и дојде во нашето прекрасно претставништво во Скопје, лоцирано во Ѓорче Петров 7, СП Планет, на вториот кат.

Кралските производи заслужуваат и кралски семејства. А тоа е секое живо суштество на оваа планета кое сака на своето семејство и на наследниците да им обезбеди поздрав и подолг живот. Освен што забележав дека луѓето во Македонија ја разбудиле свеста за тоа колку храната може да биде опасна, компанијата Цептер им овозможува храната која ја купуваат да ја подготват на здрав начин, да заштедат пари за лекови и лекување, исклучувајќи го канцерогеното масло од исхраната, и што е најважно, да инвестираат во должината на животот на целото семејство. Такви се нашите купувачи. Производите на Цептер не ги купуваат богати луѓе, туку умни луѓе.

Најдобрите менаџери во Македонија

Најдобрите менаџери во Македонија

Распространети сте на пет континенти. Дали пристапот до клиентите е секаде ист?

Единствена компанија во целиот свет сме која се труди да го задржи секаде истиот принцип на работа. Купувачот е секогаш во право, купувачот има желби а ние ги имаме решенијата. Секој проблем се обидуваме да го решиме на најдобар можен начин, всушност се трудиме да нема проблеми. Ние  сме компанија која без разлика на тоа дали некој живее на Малдиви или во Кина, Индија, Англија, Босна, Србија, Македонија, Латвија…, ние ја нудиме нашата идеална презентација после која најголемиот дел од присутните ги посакуваат нашите револуционерни производи. Инаку, производите се произведуваат под будните очи на експертите во Европската Унија, каде што се наоѓаат и нашите фабрики. За секој најдобра грижа и најдобар квалитет. Сакаме луѓето да слушнат кој сме и што сме, а потоа тие нека одлучат дали им требаме. Ретко кој ширум светот после одлична презентација од нашите консултанти и обучениот интернационален тим со најголем професионален стаж на теренска работа, може да каже дека Цептер не му е потребен.  Тој кој тоа ќе го рече не се сака прво себеси, а потоа ни своето семејство. Па така и ние сами се трудиме таа приказна за стилот, квалитетот и одличните производи да ја спроведеме во сите 50 земји на петте континенти каде што сме присутни.

Награда пред 20.000 луѓе за најдобар нов менаџер во светот

Награда пред 20.000 луѓе за најдобар нов менаџер во светот

Од садови до козметички производи….Сепак, што најмногу се бара на пазарот?

Секој сака повеќе од компанијата Цептер. Искусивме многу стратегии и во сите бевме успешни. Многумина не знаат дека ние имаме дури шест бренда во рамките на компанијата. Zepter Home Art, која вклучува култура на чување на храната од четири па до шест пати подолго од традиционалното – Vacsy, култура за приготвување на здрава храна – Zepter садови, култура на сервирање на храната – прибори за јадење, порцелани, вази, чинии. Потоа, Zepter Home Care, линија која вклучува производи за здрав воздух во домот, канцеларијата, теретаните и единствениот прочистувач на воздух кој е неопходен на секој скопјанец и тоа итно, зашто судејќи според написите во вашите медиуми на секои шест часа по еден жител умира поради нездравиот воздух, па решението е во Therapy Air Ion. Дополнително, за клинички чиста и здрава вода, дури 77 литри дневно прочистена вода, вистинска индустрија за сигурна вода во домот тука е Edel Wasser. Тоа што пристигна на 11 ноември годинава на македонскиот пазар е нов и најдобар производ на светскиот пазар – апарат за хигиена на целиот дом, апарат за секој кој сака да живее чисто, без бактерии и без валканост, тоа е реномираниот производ Tuttoluxo 6SB. Брендот Zepter Medical  пак, нуди револуционерни изуми во медицината. За апаратот Биоптрон зедовме и Нобелова награда, добивме сертификат дека лекува дури 50 индикации, а освен тоа е одличен за секој на планетава. Станува збор за единствен апарат кој создава нов живот, единствен апарат кој нема контра-индикации. 50 лекови во еден апарат!

Нов живот?

Да, нов живот! Зарем создавањето нови клетки не е и нов живот? Биоптрон од изгорениците од трет степен создава нова кожа, нови клетки, а по еден месец употреба ја враќа  првобитната боја и мекост на кожата. Но, да преминеме на уште еден важен бренд, Zepter Luxury. Феноменални садови со врвен квалитет, машки и женски. Накит, мастила, пенкала, постелнина…, и уште многу нешта кои се составен дел од животот, попрецизно – во уживањето на животот.

Крал на продажбата на садови само три месеци работа (и три презентации на ден)

Крал на продажбата на садови само три месеци работа (и три презентации на ден)

Козметиката Цептер (Zepter Cosmetics), пак, е најфино изработената козметика без парабени и без конзерванси. Се произведува во нашата фабрика сместена во подножјето на швајцарските Алпи. Го употребуваме само тоа што е најдобро од природата- ехиноцеја и рунолист. Производите се наменети за деца, за жени и за мажи.  Козметичката колекција не издигна на сериозно ниво што моментно немаме конкуренција, но со секојдневните истражувања доаѓаме до нови патентирани производи. Знаете, некои вложуваат во реклами, а ние вложуваме во истражувањата и напредокот на производите. Нашата најдобра реклама за сите производи е препораката од човек на човек.

До неодамна Цептер имаше седум фабрики низ светот. Колку се денес? Каде е лоцирано главното производство? И дали постои некаква шанса кинеската сила да ја „нагризе“ оригиналната?

Се задрживме на седум фабрики, но ги зголемивме производните погони, па со самото тоа и вработивме повеќе луѓе. Морам да напоменам дека поголем дел од вработените во компанијата се од балканското поднебје, што јасно говори за оптимизмот и патриотизмот на нашиот претседател на компанијата, Филип Цептер. Фабриките се наоѓаат во трите најсовршени делови на Европа – Италија, Германија и Швајцарија. Главното претставништво е во Швајцарија. За оние сили кои ги спомнувате, навистина не треба да се дискутира. Секој се обидува на пазарот да го пласира својот производ. Но, само квалитетот опстанува. Нам ни е мило кога ќе слушнеме дека преку нашата приказна се нудат лонци од други производители, како на нашите производи им наоѓаат маани, а кога на ред ќе  дојде гаранцијата, флексибилноста и квалитетот, тогаш мнозинството од тие „најдобри“ одеднаш исчезнуваат од пазарот, бидејќи нудат само приказна, а производот завршува во корпа за отпадоци или на рециклажа и тоа доколку е воопшто подложен за таква процедура поради материјалот. Ние сме веќе 30 години тука и одиме понатаму. А ако вака продолжиме, нам вечноста ни е загарантирана.

Дипломи и награди (2011)

Дипломи и награди (2011)

Еден од најпрочуените изуми на Цептер се и Биоптрон ламбите. Денес ниту еден козметички салон во светот не може да се замисли без биоптрон ламбата. Како е ситуацијата кај нас?

Како што веќе спомнавме, Биоптрон е неопходен медицински апарат за секој човек. Да, се употребува во салоните за убавина зашто е одличен показател за  елиминирање на знаците на стареење на кожата, заедно со нашите серуми за имунитет на кожата и Кристал кремата која се добива со пакетот бои на Биоптрон. Тоа е посебна приказна до каде само Биоптрон како апарат достигна. Во Македонија има продажба на Биоптрон, но луѓето го чуваат наместо секојдневно да го употребуваат. Главно мислат дека е само за рани и изгореници. Но, кога ќе се распрашаат кај докторите, кои патем со задоволство го употребуваат, сфаќаат дека тоа е апарат за кијавица, гнојна ангина, воспаленија, артритис, реума, ишијас, ишчашување, главоболка, забоболка, висок крвен притисок, синуси, вкочанетост, зајакнување на имунитетот, венски чир,  воспаление на белите дробови, воспаление на трето уво, крајници, сезонска депресија, зајакнување на адреналинот, а тоа што апаратот Биоптрон го доби на почетокот на 2013 година е сертификатот за анти-туморско дејство! Биоптрон треба да се употребува секојдневно, како превентивно средство, само 10 минути. Уште многу нешта можам да ви кажам за овој апарат, но повеќе  би сакал луѓето да не контактираат, да закажат бесплатен третман, а и да дојдат на бесплатна консултација со стручен доктор кој соработува со нашата компанија, со Цептер во Македонија. Можат едноставно да се обратат на телефонскиот број 02 3 118 663.

PoЯeci, 2010. nagrade

Кој е актуелниот хит производ кој се форсира на овие простори?

Нашите најголеми и најдобри производи се луѓето, односно консултантите. Тоа со право можам да го кажам бидејќи тие се нашата најголема гордост. Ги обучуваме, ги подготвуваме да бидат најдобри, им даваме бесплатна обука, менторска работа, средства за работа. Нашиот производ – Цептер консултант е нешто што е непроценливо. Нивните успеси, интернационалната кариера, натпросечната заработувачка, тоа е тоа што ни дава сила и волја да создаваме совршени производи со кои и тие гордо ќе се претстават пред целиот свет!

Во тек е новата кампања Смарт Лајф Консултант ( Smart Life Consultant) со која до крајот на годинава ќе вработиме дури 100 нови Цептер амбасадори за здравје. Конкурсот ќе излезе во весниците. Ќе биде тешко, но навистина ќе ги бараме најдобрите. Сигурен сум дека тоа Македонија го заслужува, а се тоа не би можеле да го обезбедиме без челниот мисионер на компанијата Цептер.

А ако мислите на продажен производ, во Македонија најмногу се продава она по што и сме познати, Цептер садовите, а по нив се прочистувачите за вода, Биоптрон и прочистувачите за воздух.

Во нешто помала количина од претходно наведените производи следуваат ексцајзите, порцеланите, козметиката, Тутолуксо апаратот за хигиена на домот. Тоа, пак, ни дава до знаење дека не сме ги испрезентирале доволно, зашто луѓето кога би виделе што се новиот апарат на 21-от век може да всиса, исчисти и дезинфицира веднаш би инвестирале во севозможниот апарат Tuttoluxo 6SB.

Постојано во „Цептер кујната“ се подготвуваат нови производи. Која е следната новина која може да ја очекуваме кај нас?

Светската премиера на новиот сад е одржана во хотелот Метропол во Белград, на 2-ри септември, годинава. 150 директори од сите страни на светот присуствуваа на таа манифестација. Нови садови кои самите ќе готват, радио-индуктивна плоча со вграден вај-фај, аларм кој ни дава знак дека оброкот е готов, а без отворање на капакот и непријатни миризби од готвењето, и уште многу, многу нешта… Но, најдобро е луѓето сите новини да ги видат во живо.  Затоа, ќе организираме и Смарт Лајф дружење во нашите простории, а доколку гостите повеќе сакаат презентација во нивните домови, ние со задоволство ќе одговориме на нивниот повик. Ние сме гости, но ние даруваме и подарок за изненадување.

 

Промоција на Смарт-лајф

Промоција на Смарт-лајф

Внесовте новини и во презентирањето на Цептер производите. Што е, накусо, разликата од „вчера“ до денес?

Ги следиме трендовите, следиме се што е најатрактивно. Различни сме ние, како луѓе, најмногу. Сега е најтешко да ги убедите луѓето дека еден производ им е итно потребен. Во Цептер компанијата имаме логика која е поинаква, ние не убедуваме никого, не молиме никого, никому не му тропаме на врата, наше е само да си кажеме. Ќе се обидеме да ја спасиме планетата, ќе се менуваме секојдневно, зашто здравиот човек треба да биде здрав најмалку 70 години, па дури потоа да зема лекови. Додека денес, за жал, е преполовено, младите на возраст од 35 години болуваат од хронични и дегенеративни заболувања кои во 65 проценти се резултат на неправилната и нездравата исхрана. Цептер има задача која ќе успее еден ден да ја исполни, а тоа е да живееме поздраво, подобро и подолго. Цептер има решение!

Кој е ваш личен омилен Цептер фаворит-производ кој со задоволство би го подариле на најблиските?

Сите мои најблиску купиле од мене. На кумот, кога стана татко, му подарив сад, бидејќи сметам дека секое бебе веднаш мора да започне со ваква исхрана. Сметам дека секој што го почитува здравјето, го почитува и семејствто. Побарав од родителите да ми купат сет садови кога се преселив, сепак тие ме донеле на светот, тие се и должни да ми обезбедат подолг и поздрав живот. Зарем не?

А што се однесува до идеалниот, ама единствен Цептер производ, не можам да издвојам. Секој за себе носи свои доблести, заштеди и тоа што ни дава здравје и насмевка во семејството. Ниеден не би го издвоил, зашто едноставно сите се совршени. Па, најпосле, еве и една моја порака за сите оние кои го читаат овој напис. Животот е само еден, да не го минуваме болни, тажни и депресивни, зашто Цептер го има лекот за 21-от век. Посетете не, ќе ви го дадеме вечниот лек и бесплатен рецепт за живот.

 Ј.Кантарџиева

x

Check Also

#IStayHomeFor апел на социјалните мрежи од ѕвездите во борба со коронавирусот

Од Дејвид Бекам до Ема Вотсон, од Натали Портман до Шерон Стоун: ...