Николас Кејџ на романтично возење со кочија со новата девојка (ВИДЕО)

Холивудската ѕвезда Николас Кејџ (56) има нова љубов: 26 годишната Рико Шибата,(30 години помлада од него). За неа, тој организираше романтична прошетка низ Њујорк во кочија.

Двојката беше овековечена за време на романтичната прошетка во Централ Парк, Њујорк.

Тоа што особено паѓа в очи е неговиот изглед: Николас, всушност, носи каубојски шешир и каубој чизми.  Можеби за да се маскира и да изгледа како обичен турист? Или можеби, затоа што, како што знаете, тој е личност која сака екстраваганции.

Инаку, со својата нова девојка глумецот се пофали на своите фанови на Инстаграм.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...