Николас Кејџ подготвен за 4-ти брак

По помалку од година помината во љубов, холивудскиот глумец Николас Кејџ побарал дозвола за брак во Лас Вегас за да се ожени со младата визажистка Ерика Коике.

Очигледно е дека 55-годишниот глумец е подготвен за четврти брак. Николас и Ерика првпат се видени заедно во мај 2018 во Порторико кадешто тој снимал филм. Шминкерката и глумецот од тогаш се видени неколку пати заедно во јавност, иако својата врска настојувале да ја држат подалеку од очите на љубопитните погледи. Деталите за свадбата не се знаат, но познато е дека дозволата за склучување на брак од датумот на одобрување трае една година.

Глумецот има три брака зад себе. Со првата сопруга Патриша Аркет беше во брак од 1995 до 2001 година. Со Лиза Мари Присли, ќерката на легендарниот Елвис Присли, се венчал во 2002, а се разведе само три месеци подоцна. Разводот доби конечна завршница во 2004 година. Со Алис Ким останал најдолго во брак – од 2004 до 2016 година. Алис ја запознал во бар во кој таа работела како келнерка, а парот доби од овој брак и син Кал Ел, во 2005 година.

Кејџ има уште еден син, Вестон, од врската со поранешната девојка Кристина Фултон, со која се забавувал во текот на 1988 година.

Ерика Коике

За идната сопруга на глумецот не се знае многу, освен што работи како визажистка, но фановите на Кејџ се надеваат дека ова може да биде негова четврта среќа.

x

Check Also

Ирина Шаик со ќеркичката дотерани во исти „Burberry“ фустанчиња

По разделбата со глумецот Бредли Купер, рускиот топ модел Ирина Шаик не ...