Николас Кејџ се ожени по 5-ти пат: ѝ рече „да“ на 26-годишната Рико Шибата

Оскаровецот Николас Кејџ (57) се ожени со својата млада девојка, 26 годишната Јапонка Рико Шибата. Свадбената церемонија била интимна, се случила на 16 февруари во хотелот „Вин“ во Лас Вегас. Пред венчавката претходеше запросување на FaceTime.

„Вистина е, и ние сме многу среќни“, им рече актерот на списанието „Пипл“ потврдувајќи ја венчавката со младата невеста.

Настанот не бил случајно избран – токму на 16 февруари, тоа е денот на роденденот на починатиот татко на Кејџ.

Рико била облечена во  традиционално јапонско кимоно донесено од Кјото, а Кејџ – во смокинг од Том Форд. По церемонијата, следувала мала забава на која присуствувала и една од поранешните сопруги на актерот, Алис Ким, единствената со која филмската sвезда одржува добри односи. На свадбената веселба бил и синот на Алис Ким и Николас Кејџ, Кал-Ел, кој има 15 години.

x

Check Also

Што мислите за новиот имиџ на Џенифер Лопез, со суперкратка коса?

На насловната страница на мартовското издание на модното списание „Алур“, Џенифер Лопез ...