Нимфата Грета Гарбо, најтаинствената ѕвезда на сите времиња

Една од најпрочуените убавици од филмското платно, успеа од себе да направи и најтаинствена ѕвезда на сите времиња. Нејзиното измислено презиме на норвешки би значело „нимфа“, а таа самата стана речиси митска фигура на 20 век, кога на врвот на славата се повлече од јавниот живот.

greta 5Грета Гарбо е родена како Грета Ловиса Густафсон, во работничко семејство во Стокхолм. Родителите Ана Ловиса и Карл Алфред Густафсон биле многу сиромашни. Грета детството го минала во ладниот стан во предградие на Стокхолм. Како дете, сонувала да стане глумица. Училиштето не го сакала многу, ама многу рано го засакала театарот. По завршување на основното училиште со 13 години Грета, како и многу други деца од работнички семејства во тоа време, не го продолжила школувањето. Подоцна ќе признае дека заради тоа имала комплекс на пониска вредност.Во текот на зимата, 1919 година, шпанскиот грип кој косел низ Европа стигнал во Стокхолм. Таткото на Грета се разболел, престанал да оди на работа и наскоро работата ја загубил. Грета останала дома да се грижи за него. Следната 1920 година таткото умрел. Истата година Грета се вработила, прво како помошничка во берберница, а потоа како работник во стоковна куќа на одделението за шапки. Набрзо нејзиното лице се нашло на страниците на каталогот на оваа стоковна куќа, а потоа и во рекламите. Веќе во 1922 година ја забележува режисерот Ерик Артур Петшлер кој ќе и даде улога во својот краток филм „Питер скитникот“. Сонот да стане глумица не ја напуштил, а во септември добива стипендија за театарска академија на која од самиот почеток и предвидувале успешна кариера, иако имала само шеснаесет години. Отскочната даска во кариерата на Грета, тогаш Густафсон, секако било познанството со прочуениот режисер Морис Стилер, кој во 1924 година и дава главна улога во својот филм, филмска адаптација на роман награден со Нобелова награда. Стилер станува ментор на Грета, ја подучува, сметајќи ја за глумица која ќе остави печат. Се смета дека токму и Стилер и го смислил нејзиното ново име, Грета Гарбо, сметајќи дека Густафсон како презиме не поминува за меѓународна кариера. По успехот на првиот заеднички филм, Стилер и Гарбо заминуваат во Холивуд, а студиото МГМ потпишува договор со Грета. Во следните години Грета снима уште 8 филмови, кои и носат и успех и профит. Во три филма се појавува заедно со Џон Гилберт, тогаш многу популарен глумец, а нивниот еротски спој од филмското платно се префрла во реалниот живот.

greta 2Иако Грета Гарбо стекнала огромна популарност во филмот, студиото МГМ стравувало дека нејзиниот шветски акцент ќе пречи во звучниот филм, и ова минување на нов филм го одложувале што е можно повеќе. Гарбо својот последен нем филм „Бакнеж“ го снимила во 1929 година. Веќе во овој период почнала да поставува специфични услови на снимање, не дозволувала на сетовите каде што таа глуми да доаѓаат посетители, дури ни технички персонал. Првиот звучен филм „Ана Кристи“ е рекламиран со слоганот „Гарбо зборува!“. Јасно е дека оваа глумица без големи потешкотии преминала на новата филмска технологија. Оваа улога и нејзината прва реченица во филмот влегоа во филмската историја а на Грета Гарбо и го донесоа првиот Оскар. Истата година е номинирана и за улогата во филмот „Романса”. После уште два филма, Грета ги добива своите две најзначајни улоги кои ја вивнаа меѓу ѕвездите. Првата е улогата на Мата Хари во истоимениот филм, во 1931, а втората во филмот „Гранд хотел“ каде глуми руска балерина, во 1932 година. По добивањето на Оскар за овие филмови, Гарбо станува апсолутно најбарана и најплатена ѕвезда, без која ниту еден продуцент не го гледа својот филм. .Грета Гарбо остварува антологиски улоги во филмовите „Ана Каренина” и „Дама со камелии“ за кои многу критичари тврдат дека ее нејзина најдобра улога а и сама најмногу го сакала тој филм. По неуспехот на филмот „Жена со две лица“ во 1941, Грета Гарбо се повлекува од филмот а со тоа и од јавниот живот. Во текот на 50-те добива американско државјанство и купува стан на Менхетен каде го минува остатокот од животот, често шетајќи по улиците на Њујорк со големи очила за сонце. Додека беше активна на филмот создаде еден вид на мистерија околу себе, не даваше интервјуа, ниту автограми, а не се појавуваше ни на премиерите. Нејзиниот љубовен живот исто така беше прекриен со тајни, иако многу се спекулираше околу наводната бисексуалност.

Greta Garbo - by George Hurrell c1930-31.Грета Гарбо до крајот на животот остана голема дама, обожавани зарадисвојата убавина, интелигенција и талент, а филмовите во кои глуми и денес се предмет на воодушевувања и истражувања. Грета Гарбо секако е глумица која го обележи златното време на Холивуд, а Орсон Велс рече – „кога Холивуд би имал кралица, тоа би била Грета Гарбо.”

greta 4Грета Гарбо умрела во Њујорк на 15 април 1990 во 84-та година од својот живот од воспаление на белите дробови. Кремирана е и нејзината пепел во 1999 е пренесена на гробиштата во близина на Стокхолм. Никогаш не се мажела ниту имала деца, а големото богатство кое го стекнала за време на животот го оставила во наследство на својата внука Греј Рисфилд.

С. Спасиќ

 

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...