Салма Хаек

Ниски сте? Овие 5 модни парчиња мора да ги имате во гардероберот!

„Висината е половина од убавината“, се вели, но „малечките“ жени имаат посилни „оружја“ за заведување. Секако, доколку „стратешки“ се облечат.

Натали Портман (1.60 cm), Салма Хајек (1.57 cm), Кајли Миног (1.52cm), Меган Фокс (1.63cm), Скарлет Јохансон ( 1,60 см) и Мила Кунис (1,63 см)…, сите овие преубави девојки воопшто не ги доживуваме како ниски, туку како многу згодни и секси. Но тие знаат како да се облечат за да изгледаат складно, па дури и да изгледаат повисоки од тоа што се. Доколку и вие сте ниски, а сакате визуелно да се „издолжите“, еве што модните дизајнери советуваат да носите.

Кајли Миног

Мал црн фустан во комбинација со чевли со платформа

Ваквата модна комбинација често ја гледаме кај Кајли Моног, советувана од нејзините модни дизајнери. Фустаните кои таа ги носи се суперкратки, а чевлите имаат платформа која ја „издолжуваат“ малата слатка пејачка за дури 8 сантиметри. Но, пејачката многу често ја гледаме и во светкави мини фустанчиња кои уште подобро од малиот црн фустан создаваат ефект на „дополнителни сантиметри плус“. Па, доколку сте и вие „мала жена“ овие две фустанчиња мора да ги имате во гардероберот.

Натали Портман

Мини фустан со длабоко деколте

Во центарот на винамието и понатаму останува мини фустанот, но сега оној кој има длабок „ве“ израз. Уште подобро ако таквиот фустан е од кадифе, сатен или свила, поточно онакви какви што најчесто носи Натали Портман. Должината на фустанот е всушност ваш избор, но повеќе издолжуваат оние кои се со должина над колениците. Секогаш стремете се кон светли и интензивни бои, кои заедно со сјајна ткаенина создаваат „wow“ ефект!

Салма Хаек

Фустан кои ги открива рамениците

Без разлика дали станува збор за откривање само на едната раменица или на фустан со „спуштени“ раменици, овие модели се совршени за ниските девојки затоа што таквите модели го префрлуваат вниманието кон горниот дел на телото. Не е важно дали фустанот е макси, миди или мини, внимавајте на овој клучен детаљ. Салма Хајек тоа најдобро го знае.

Кајли Миног

Фустан со „ѕвонест“ крој 

Здолништето на фустанот треба да биде волуминозно, односно „ѕвонесто“, моделот да е со должина најмногу до 3 сантиметри над колениците и уште подобро ако има принт. Ваквите фустанчиња со нагласен струк лесно можат да се најдат во продавниците, а на „малечки жени“ убаво стојат и оние со долги ракави и оние без ракави. Најчесто во ваков модел на фустани ги гледаме и Скарлет Јохансон и Кајли Миног.

Натали Портман

 

Панталони со висок струк

Натали Портман знае дека панталоните со „цигара“ крој и со висок струк, особено ако се во темна боја, одлично издолжуваат. Носете ги со салонки на висока потпетица за елегантен изглед.

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...