Нискокалорични и превкусни: Лазањи без тестенина

Превкусни, нискокалорични лазањи од италијанската кујна.

Потребни намирници – 450 грама мелено месо по желба, 1 лажица маслиново масло, 1 кромид, 3 чешниња лук, 800 грама сечкани домати од конзерва, 3 свежи тиквички, 300 грама меко сирење (рикота), 50 грама пармезан, 450 грама моцарела, 1 јајце, босилек по жела, сол и црн пипер.

Подготовка

Во длабок лонец и на висока температура испрежете го меленото месо 4 до 5 минути додека добие темно-смеѓа боја. Извадете го месото и ставете го настрана и отстранете ја евентуалната вода од лонецот.

Во лонецот ставете една лажица маслиново масло и исечканиот кромид. На умерена температура пропржете го кромидот три до четири минути, додека омекне. Потоа додадете го исечканиот лук, и пржете уште една минута. Додадете ги доматите од конзерва, зачинете со босилек, сол и црн пипер. Намалете на ниска температура и пуштете сосот полека да крчка околу половина час додека не згусне.

За тоа време измијте ги тиквичките, исечкајте ги на тенки кришки со ширина од околу 25 мм, посолете ги и иставете ги настрана околу 15 минути солта да ја извлече вишокот вода. Со хартиена салветка добро избришете ги, па префрлете ги во грил-тавчето да се потпечат две до три минути од секоја страна.

Во сад измешајте ја рикотата, изренданиот пармезан и јајцето, па почнете да ги редите лазањите во три дела. На дното на огноотпорниот сад ставете третина од испрженото мелено месо, врз него наредете третина од тиквичките, па третина од сосот од домати и мешавината сирење, а над се додадете ја моцарелата исечкана на мали коцки. Редете по ист рдослед додека не ги потрошите сите намирници, со тоа што последната третина од моцарелата ставете ја настрана. Печете ги лазањите во претходно загреана рерна на 190 степени околу половина час со алу-фолија. Извадете ја фолијата, додадете ја преостанатата моцарела и печете уште 20-на минути додека целото сирење се растопи по површината на лазањите.

x

Check Also

Палачинки со домашно костен пире

Уживајте во сите благодети на есента вклучувајќи го и овој фантастичен рецепт ...