Со нив би барале детелинки со четири листа: 5 Ирци на кои не може да им се одолее

Ирците имале пивски стомак? Е како да не! И портокалова коса? Два пати како да не! И не биле згодни? Три пати како да не!

Предрасудите за неатрактивните Ирци паднаа во вода, благодарение на (само) оние кои често ги гледаме на светската сцена. А зад, сцената…,кој знае се какви згодни мажишта има, ама не ги знаеме, нели. Ирци, секако. Секогаш добро расположени, полни со хумор, забавни, со многу вкус и стил, нежни, романтични, мажествени….

На пример, со овие пет познати Ирци и ние би барале детелинки со четири листа.

Само, пет? Се разбира, ги има и повеќе…

irci djejmi 1

Џејми Дорнан

Суперталентиран. И мултитарентиран. Докажан глумец, музичар и модел. Незаборавен е по улогите во сериите Once Upon a Time и Fall, како и во рекламите за Диор и оние за долна облека на Келвин Клајн. Не, да не спомнуваме колку е секси во снимањата за 50 нијанси на сиво, во улога на Кристијан Греј!

irec majkl 2

Мајкл Фасбендер

„Мајкл, искрено, ти можеш да играш голф и со рацете зад грбот“, се пошегува Џорџ Клуни на церемонијата Голден глоуб. Во категоријата за најдобра машка главна улога беше номиниран 36-годишниот Мајкл Фасбендер, кој не ја доби наградата, ама ги освои женските срца ширум светот. И си обезбеди златна картичка за влез во холивудската елита.

Даниел Деј Луис

Познат е како најпребирлив од сите глумци во филмската индустрија. Од 1998 година се појави во пет филма од кои три му донесоа номинација за Оскар. Освен по својот феноменален актерски талент и длабокиот поглед, го обожаваме зашто знае да се повлече далеку од Холивуд, во едно мало ирско селце, каде претпоставуваме, собира детелинки.

irec kolin

Колин Фарел

Нели беше познат пивопиец? Е, таков имиџ го „гонеше“ се додека на снимањето во Белгија од понудените 380 вида пива не сакаше да проба ниту едно. Според последните трач-партии наводно се откажал и од жените за потполно да и се посвети на глумата. Ај, ве молиме, не му вадете муабети на суперзгодниот Колин. Особено поштедете не од она „се откажал од жените“. Ама добро, и вас ве разбираме – зад секој добар коњ се крева прашина!

irec pirs

Пирс Броснан

Е ако кажете и за него дека пие многу пиво и има пивски стомак, навистина заслужувате шлаканица. Па нели го гледавме строго со мартини во раката? Штом му се спомне само името веднаш на ум ни паѓа – прекрасен смокинг! Со него би барале и тартуфи, не само детелинки.

Ви рековме, нели, ги има и уште…Што велите, на пример, за Џонатан Рис Маерс, Лијам Нисон, Стјуард Таунсенд, Килијан Мерфи, Демјан Раис…?

А, ги има и уште.

М.М

 

x

Check Also

Класично сина – боја на 2020 година според „Пантоне“

Италијанскиот Институт за бои, престижниот „Пантоне“ ја објави бојата на годината која ...