Њујоркшката модна недела и носи 900 милиони долари годишно на Америка

Њујоркшката модна недела започнува в четврток. Прекрасни девојки на модните писти, преполни редови, нови колекции…, но ова исто така значи и огромен поттик за американската економија. И додека љубителите на модата се заслепени од сјајот и гламурот на сцената, милиони долари се „слеваат“ во градот.

nj2

Џоинт Економик Комити објави извештај за економското значење на најголемиот моден настан во Америка. На годишно ниво, Њујоршката модна недела носи околу 887 милиони долари, што значи повеќе од УС Опен кој носи 700 милиони долари, њујоршкиот маратон со 340.000.000 долари, па дури и Супер Боул кој инкасира околу 500 милиони долари.

„Модата е многу повеќе од само стил; тоа е голем бизнис кој создава широк спектар на добро платени работни места “, објаснува Керолин Малони во извештајот. „Модната индустрија е една од најголемите индустрии во градот. Околу 180.000 луѓе се вработени во модната индустрија, главно на добро платени работни места“.

Околу 900 модни марки имаат свое претставништво во Њујорк и овие компании носат значаен дел од приходите на градот. Њујоршката модна индустрија исплаќа околу 11 милијарди долари годишно за плати и од неа се генерираат речиси 2 милијарди долари од даноците.

Модните ревии, презентациите, ПР настаните и забавите се посетени од над 230.000 луѓе кои годишно носат дополнителни 547 милиони.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...