Нокти за лето 2020 година: три трендови што треба да ги испробате според Miss Pop Nails

Најпознатата уметница за нокти во светот ни кажува за нејзините три идеи за маникир за лето 2020.

– За летото, навистина ми се допаѓаат ноктите во портокалови нијанси, од корална нијанса до електрични неонски портокалови тонови. Други нијанси што ги гледаме многу ова лето се сенф- жолтата и јоргован“, вели Мис Поп Неилс.

Од стиловите пак, најтрендовски е „fresh french“ маникирот.

Заборавете на класичниот француски маникир, со природна бела нијанса или бледо розова нијанса со контрастната бела „рамка“ односно линија. Најновата генерација на француски маникир станува похрабра.

– Францускиот маникир од деведесеттите години се ревидира. Одберете пастелна нијанса, додека рамката направете ја во корална нијанса, вели уметницата за нокти.

Втор тренд на нокти е оној кој го видовме кај манекенките на ревијата на Оскар дела Рента.

Станува збор за умерено долги нокти во сјајна пастелна нијанса, украсени со „полка“ точка и тоа на самотно дно на средината на ноктот.

Трет тренд на нокти е разнобојноста но во слични нијанси.

– Зошто да изберете само една боја кога може да одберете пет нијанси, па дури и десет?, продолжува Мис Поп Неилс.  – Тоа би можело да биде одлично решение. Идејата ми се допаѓа затоа што е забавен маникир и многу едноставен дури и да го направите сами.

 

x

Check Also

Имате мрсна коса? Еве зошто косата толку бргу ви се мрси

Имате проблем со мрсната коса? Сигурно правите многу нешта погрешно. Не ставате ...