Носиме светло-сини нијанси со новата колекција на & Other Stories

Новата колекција на модната марка & Other Stories е инспирирана од ретро стилот и не враќа во 70-те години. 

Судејќи според првите погледи на пролетните колекции на популарните модни марки, враќањето на старата мода е доминантен елемент. И во колкеицјата на & Other Stories тој ретро стил е присутен и преку моделите и преку боите – светло сината нијанса и белата.Панталоните се со широк крој и висок струк, комбинезоните и костумите буквално се извлечени од 70-те, чизмичките до глуждовите се со дебела потпетица и заоблен врв, а џемперите се слатки и нежни. Погледнете во продолжение дел од новите модни парчиња. 

x

Check Also

Капчиња и сламени шапки за лето 2019, еве каде да ги купите најубавите модели

Еден од најпотребните модни додатоци за топлите денови, покрај очилата за сонце, ...