Носиме жолто оваа пролет: Најпривлечни модни парчиња од популарните „хај стрит“ марки

Пролет во жолто? Супер. Одлична модна детоксикација после сивилата на студените денови.

Првите сончеви денови ги дочекуваме во модни парчиња во жолта нијанса. А на наше задоволство, лесно ги наоѓаме во пролетните колекции на популарните „хај стрит“ модни марки, од Манго до Зара, од Бершка до Страдивариус.

Па така, во гардероберот веќе си обезбедивме место за жолти модни парчиња – едно или повеќе, особено за оние кои го сакаат посмелиот моден изглед, жолто од „глава до пети“. Во комбинација со црна, бела или неутрални тонови, жолтите костуми (кои ги најдовме) може да се облечат и на работното место.

Жолтите мини сукњички пак, се наш фаворит. Во продната сезона ги носиме и со чизми и блузи со ролка, додека во сезоната на потопли денови, се разбира, со нежни сандалчиња.

Барате жолта индпирација? Повелете, погледнете ја фотогалеријата.

x

Check Also

Стопи се од попусти до -70% во Капитол мол

Нашето секојдневие е исполнето со обврски заради кои имаме помалку време за ...