Нов документарен филм за мистериозната смрт на Натали Вуд

Холивуд крие повеќе мистерии кои се уште не се решени, пишува Мајкл Шулман во неговиот осврт за документарецот посветен на глумицата Натали Вуд насловен  Natalie Wood: What Remains Behind.

Смртта на легендарната холивудска ѕвезда Натали Вуд во 1981 година не беше оставена само на шпекулации. Следуваа новинарски истраги, книги и публикации, повторно отворање на истраги дури триесет години по настанот и семејната расправија. Но, за сега, ништо официјално.

Животот го загубила на пловидба со јахта на калифорниското крајбрежје, а на тоа, наводно „кумувале“ и големи количини на алкохол. Се сугерира дека тогаш 43-годишната Натали, која била скршена од неверството на сопругот, глумецот Роберт вагнер, се обидела да го направи Роберт љубоморен и пијана го провоцирала неговиот пријател и колега Кристофер Волкен, па така предизвикала пијана кавга која завршила со нејзино паѓање во морето, при што никој не ја спасил.

Роберт Вагнер, кој денес има 90 години, негирал билокаква вмешаност во смртта на Натали Вуд, но во 2018 година полицијата го прогласила за сомнителен. Тоа пак, довело сестрата на Натали, Лана, и скиперот на јахтата на која се случила несреќата да тврдат дека Роберт ја убил.

 Новиот документарен филм за Натали Вуд,  во режија на Лоран Бузерео е неодамна емитуван во Америка на HBO и нè враќа назад кон тој „судбоносен маглив викенд кон крајот на ноември“, кога Натали Вуд, нејзиниот сопруг Роберт Вагнер и ко-ѕвездата на нејзиниот последен филм Кристофер Волкен, одлучиле да отпловат со јахтата до островот Каталина, крајбрежјето на Калифорнија. Ноќта на 28 ноември, 43-годишната Вуд исчезнала од бродот. Следното утро, нејзиното тело било пронајдено еден километар од бродот.
Дел од документарниот филм погледнете – ТУКА. 

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...