Една од најбараните модели на денешницата, Литванката Едита Вилкевичуте позира за новиот едиторијал на модната марка Zara, претставувајќи ги лежерните модни парчиња за сезоната пролет/лето 2020. Тренд водичот се фокусира на „кежуал“ изгледите за претстојната сезона. Пријатни за носење, моделите се главно изработени од памук и тексас. Доминираат белата и црната нијанса, но тука се и лежерните костуми од кошула и панталони со зебра принт и фармерките со висок струк кои се носат со ремен и лесни блузички без ракави. Дел од новиот едиторијал, погледнете во продолжение.