Нов холивудски љубовен пар: Бред Пит во врска со Шарлиз Терон

Како што пренесуваат странските весници, постои нов љубовен пар во Холивуд. Во последните денови се погласни се гласините за врската меѓу глумицата Шарлиз Терон и нејзиниот колега, Брет Пит.

Добитничката на Оскар за фимот „Монструм“ и познатиот глумец наводно се зближиле минатиот Божиќ. Парот се запознал преку глумецот Шон Пен, кој е инаку, поранешен вереник на Шарлиз.

Доколку овие гласини се покажат како точни, на 55-годишниот Бред Пит ова ќе биде прва сериозна романса по разводот со Анџелина Џоли во 2016 година, со која има шест деца.

Шарлиз пак, веридбата со Шон Пен ја прекинала во 2015 година. Мајка е на две деца, Џексон и Аугуст. Извор познат за весникот „Д Сан“ рекол – Неформално се гледаат веќе еден месец. Иронично е дека станале пријатели преку Шон, а работите се развиле…“

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...