Нов машки парфем од Долче и Габана

K by Dolce & Gabbana е новиот машки парфем од славната креаторска двојка.

Во кампањата парфемот го претставува италијанскиот инфлуенсер Маријано ди Вајо. Фотограф на кампањата е Маријано Виванко, додека музиката во видеото е на прочуениот Енио Мориконе.

Парфемот е инспириран од мажите кои ја следат својата патека, го почитуваат своето семејство и своите сакани повеќе од се.

Горните ноти на K by Dolce & Gabbana се направени од сицилијански лимон, срцето на парфемот е од јантар, жалфија и лаванда, додека базата содржи пачули.

x

Check Also

Маникир: Џенифер Лопез ја врати во мода неон-сината боја на нокти

Поп ѕвездата промовира нова мода на нокти за есенската сезона – темносиниот ...