Лејди Гага го знае вистинскиот рецепт како една работа што не поминува да ја смести под ќилим, пренасочувајќи го вниманието.
А рецептот е во скандалите. Најчесто, модни.
И додека првиот сингл Аплауз од новиот албум АртПоп не поминува според очекувањата, Лејди Гага (не)очекувано се појави во јавноста облечена само во проѕирно боди.
Враќајќи се од вечерна забава во Лондон, Гага застана да позира пред фотографите кои ја чекаа пред влезот.
Колку испадите ќе и помогнат во продажба на албумот ќе покаже времето.