Нов парфем од Том Форд кој вреди да се проба- Noir Anthracite

Во екот на летото, Том Форд пријатно не изненадува со лансирањето на новиот машки парфем Noir Anthracite.

Во кампањата за парфемот позира популарниот модел Јон Картахарен, кој и претходно веќе беше заштитно лице на кампањите на овој луксузен бренд. Зад фотографиите стојат Мерт&Маркус.

Noir Anthracite содржи ноти на бергамот и зачини, наспроти темните дрва како санталата од Шри Ланка. Контрастните ноти кои му даваат своевидна дуалност, се претставени преку идејата дека мирисот е создаден да ги рефлектира елементите на светлината и темнината.

Парфемот е веќе достапен во продажба на официјалната страница на Том Форд, а во продавниците ќе се најде од почетокот на септември.

x

Check Also

Тренд на неделата: Фармерки од линијата  #HyperFlex на Replay

Си купивме! Неверојатни се. Ако сте во потрага по одличен пар фармерки, ...