Нов производ од Жито Лукс, идеален за домашна пица со неверојатен вкус

Сите љубители на ова безвременско италијанско јадење ќе се согласат дека тестото за пица е најважниот дел и доколку истото се “погоди”, загарантиран е успехот на вкусна пица за целото семејство. Листата на можности на обликот на тестото е бесконечна: дебело тесто како што го наметнаа мајсторите од Сицилија, тенкото тесто кое е најбарано не само во Италија, туку и во Њујорк и низ целиот свет, во Милано пак традиционалното пица тесто е коцкесто, а не кружно, додека во одредени делови во Америка го претпочитаат трендот deep-dish пица.

Ако прашаме кој било од нашите кулинарски уметници, тајната на доброто тесто е секогаш во брашното. Квалитетно брашно го прави замесувањето, нараснувањето и растегнувањето едноставно, лесно и дозволува да ја добиеме посакуваната форма, без разлика што се готви, од домашни кифли, погачи, секакви печива и домашна пица.

Неодамна, Жито Лукс пласираше токму брашно наменето за правење домашна пица и секакви печива од ферментирано тесто, како фокача, фурнарини и слично. Со составот и карактеристиките специјалното брашно ќе придонесе за доловување на автентичноста и збогатувањето на вкусот на пицата. Брашното за пица е меко, лесно се замесува, одлично се растегнува и не се кине, а пицата и печивата направени со него имаат незаборавен и неверојатен вкус.

Благодарејќи на кулинарските уметници ширум светот, тестото за пица трпи секакви желби, форми, дебелина. А кога е направена во домашни услови, пицата добива посебен, неверојатен вкус, што ги одразува личните желби и вкусови.

Пицата е секогаш добар избор за семеен оброк. Забавна за правење, вкусна за јадење и лесно се прилагодува на сечиј вкус, вегетаријанска, полна со различни состојки, зеленчук, повеќе или помалку кашкавал, потребно е само желба за самите да ја направите.

 

x

Check Also

Летна тава од рерна: Тиквички со пармезан и јогурт

Повкусно и не може да биде. Лесно летно главно јадење карактеристично се ...